Вели ДА, а мисли НЕ: Овој хороскопски знак го кажува само она што сакате да го слушнете
Личностите родени во овој хороскопски знак може да бидат шармантни, дипломати, добродушни и исполнети со мир. Но, исто така имаат и проблеми во своите односи. Тие се благословени со голема способност да гледаат од двете страни на приказната, со што може да го смират својот партнер, но исто така може и да ги прикриваат своите вистински чувства. Нема потреба да се објаснува зошто тоа може да биде проблем во сериозните љубовни врски.
Станува збор за Вагите. Ако сте личност родена во овој знак и не можете да сфатите зошто се распаѓа вашата врска, тогаш треба да обрнете малку повеќе внимание на овие пет грешки кои најверојатно ги правите и вие.
1. Велите да, а мислите не
Со оглед на фактот дека Вагите се способни да ги согледаат сите аспекти на една кавга, а и мразат да се караат, тие се склони да ви го кажат она што сакате да го слушнете. Иако можеби сакате да ги избегнете конфликтите колку што е можно повеќе, сепак, кога станува збор за некоја личност што ја сакате, ставете ги своите дипломатски вештини на тест и кажете им како навистина се чувствувате.
2. Премногу се трудите да бидете сакани
Вие настојувате по секоја цена да ја заслужите љубовта на вашите најблиски. Не е лошо да бидете сакани, но не е во ред ако постојано се обидувате да го купите тоа внимание. Љубовта никој не би требало да го чини ништо, туку едноставно треба да се случи. Ако таа не се случи поради вас, онакви какви што сте, никаква сума пари или подароци нема да го променат тој факт, затоа не треба премногу да се трудите. Романтичните гестови се одлични, но претерувањето ќе доведе до тоа луѓето да почнат несвесно да ве искористуваат.
3. Прекумерно размислувате
Личностите родени во знакот Вага сакаат да бидат во можност да донесат чувство на мир во нивната врска, што може да доведе до тоа премногу да размислуваат за своите одлуки. Така, вие можеби имате пропуштено некоја голема љубов затоа што премногу сте размислувале за тоа. Мора да научите да преземате ризици, а да не размислувате премногу за исходите. На долг рок, тоа е многу подобро за вас.
4. Не можете да бидете сами
Вагите уживаат да бидат во романтични врски и ним им е тешко да се справат со животот кога се сами. Но, кога не сте во врска, тогаш најдобро можете да сфатите што навистина сакате од љубовните врски, а и што ви е потребно за да живеете исполнет живот. Обидете се да бидете сами одредено време, за да можете да сфатите кои сте, што сакате и на кој начин можете да го постигнете тоа.
5. Флертувате надвор од вашата врска
Вагите сакаат љубов и ако се наоѓаат во соба полна со луѓе, најверојатно ќе развијат пријателство со секој, а тоа исто така може да доведе и до нови романтични заплети. На овие личности флертот им доаѓа природно, а тоа може да внесе немир во нивната врска. Па, контролирајте се себеси кога е во прашање дружењето со други луѓе, така што нема да страдаат вашите љубовни односи.