Вага и вага - љубовна комбинација

Вага и вага – љубовна комбинација

Љубовната врска на партнери родени во знакот вага, е базирана на согласност, баланс и романтика. Хармонијата и естетиката се најважното нешто за овој знак, па кога станува збор за комбинација од две ваги, тие заеднички магично балансираат сé околу нив и внесуваат сигурност и убавина во врската.Вага и вага - љубовна комбинацијаНа вагите им е многу битно да бидат сакани од другите луѓе, па во случај на каков било конфликт со трето лице, тие се спремни да се повлечат само за да го одржат мирот. Ова не значи дека тие се безгрижни и неискрени, туку едноставно несогласувањето со кој било, прави да се чувствуваат непријатно. Дуото вага-вага го разбира ова чувство, па права реткост би било некој од овие емотивни партнери да го тера другиот да попушти прв во недоразбирањето. Поинаку кажано, во оваа врска кавгите се избегнуваат.

Вагите се најмногу урамнотежени кога се во врска и обожаваат да имаат некој кого ќе го разгалуваат и ќе му се восхитуваат. Тие се најсреќни кога покрај себе имаат личност со слични интереси како нивните, за заеднички да ги споделуваат индивидуалните интереси и искуства. Доколку партнерите сé уште се во рана фаза од врската, тие нивното заедничко време најверојатно ќе го поминуваат гледајќи романтични филмови и одејќи по кафе-барови.

Тие се предводени од планетата Венера (љубов), чие влијание ја прави нивната врска блажена, романтична и нежна, исполнета со убавина, сензуалност и потполно задоволство. Не би било чудно партнери родени во знакот вага да останат засекогаш заедно. Меѓутоа токму поради тоа што и двајцата се вага во хороскоп, меѓусебно премногу се разгалуваат, од што после некое време може да постане проблем.

Тие ги вреднуваат нивните ментални капацитети и повеќе од сé уживаат во интелектуализам, уметност, филм и култура од секаков тип. Заеднички функционираат многу добро и на професинално поле, бидејќи се впуштаат целосно во секоја работна задача кон која ќе се насочат. Тие се иницијатори на нови проекти и имаат способност да ги мотивираат останатите околу нив.

Убедливи, љубезни и дипломатски настроени, вагите се фер судии на светот. Нивната дипломатска способност можат да ја искористат секогаш кога ќе настане некој конфликт помеѓу нив, па така истиот ќе го решат и избалансираат на чесен и достоинствен начин.

Најдоброто нешто кое произлегува од љубовната комбинација вага-вага, е смислата за дипломатија, добрина, хуманост и почит помеѓу партнерите. Овие двајца можат да создадат кавлитетна љубовна врска поради нивното длабоко разбирање за потребите и желбите на другиот. Нивната посветеност е камен темелник за успешност на врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар