Вага и стрелец – пријателска комбинација
Луѓето кои ги набљудуваат овие пријатели отстрана можеби си викаат: „Што бара толку цивилизирана личност каква што е вагата, со палјачо каков што е стрелецот?“ Она што критичарите не можат да го сфатат, е дека вагата ја обожава несмасноста на стрелецот. Ако таа се прашува, животот е прекраток за да се сфаќа пресериозно, поради што таа му се восхитува на стрелецот и на неговите чудни грешки и бесрамни шеги. Стрелецот од своја страна, го обожава фактот дека префинета личност како вагата, може да заборави на грациозноста за една секунда и да премине во едно подмолно громогласно смеење.Вагата и стрелецот си се во суштина одлично друштво еден на друг. Тие обострано уживаат во слични работи: свечени забави, разговори кои го стимулираат мозокот и најмногу од сè – во правдина. Овие пријатели никогаш не се изморуваат од озборување за најсвежите драматични ситуации кои им се случиле на нивните заеднички пријатели. Стрелецот може да смета дека вагата секогаш прво ќе ја ислуша неговата страна на приказната, пред да донесува свои заклучоци. Исто така, вагата знае дека стрелецот никогаш нема да ù забие нож в грб, бидејќи нејќе да ù ги повреди чувствата. Стрелецот попрво би бил поштар на лоши вести, отколку да биде дел од некаква измама или предавство на пријател.
Како и помеѓу сите други пријатели, така и помеѓу вагата и стрелецот може да се појават разни недоразбирања. Така, на стрелецот може малку да му се смачи слушајќи ја вагата како дискутира за секој сегмент од неговите ставови, додека тој мора да се покорува на нејзините нетактични забелешки. Од друга страна, недостатокот на осет за некои работи кај стрелецот, може да направи вагата да се чувствува засрамено. Од неодлучноста пак на вагата, на стрелецот му доаѓа да вриска на цел глас.
Наспроти нивните разлики, овие пријателчиња можат во секое време да ги „израмнат“ работите со помош на нивните омилени активности како играње тенис, одење на заеднички патувања и забави или вечерање во отворени ресторани, под ведро небо.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
dobra kombinacija