Вага и лав – пријателска комбинација
Вагата не може да остане рамнодушна на гламурозниот лав, кој ужива во убавините на животот, исто колку и таа. Тој пак не може да ù одолее на суптилната грациозност на вагата. Овие пријатели никогаш не штедат на нештата кои го прават нивниот живот вреден, како добрата храна, стилот на облекување и свечените прослави и забави.Вагата има беспрекорен осет за уметност, поради што лавот секогаш кога сака да гледа добар филм во кино или сака да посети уметничка галерија, промоција на музички албум и слично, првиот пријател на кој ќе се сети да се јави е вагата. Почитта не е еднострана. Вагата го обожава начинот на кој лавот го живее животот до максимум и секогаш е расположена да му прави друштво, додека тој шета низ целиот трговски центар или се поздравува со сите присутни на журката.
Понекогаш може да има недоразбирања помеѓу овие пријатели, бидејќи лавот има тенденција да ги помножи со нула чувствата и потребите на вагата и да инсистира да биде по негово, а вагата може да го полудува лавот со нејзините променливи ставови. Објаснението за тоа е јасно: прво, лавот е егоцентричен и сака сите да му го тераат ќефот и второ, тој нема толку време и желба да ја чека вагата да се одлучи дали сака да го купи црвениот или синиот капут. Кога тој би можел да бира, најверојатно би ги купил двата и би завршил веднаш со таа работа. Она што лавот може да не го забележува, е дека вагата во себе врие додека тој си се шегува со келнерот кога тие седат на нивниот пријателски петочен ручек или додека се запознава со девојката/момчето кое наплаќа за палтата во ноќниот клуб.
За среќа овие двајца пријатели, умеат да го излечат најдоброто, а не најлошото еден од друг, поради што имаат тенденција да бидат одлични другари. Двајцата уживаат во сите форми на уметност, вклучувајќи театар, музика, танцување и сликарство и обожаваат да одат на добри журки. Вагата и лавот се доста активни, па најверојатно би им годел заеднички џогинг, скијање, лизгање по мраз и возење ролери. Во оние ретки мигови кога животот не им блеска, овие двајца секогаш се желни за гледање некој добар романтичен филм, кој ќе ги релаксира.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.