Вага и лав – љубовна комбинација

Вага и лав – љубовна комбинација

Кога вага и лав стапуваат во љубовна врска, тие формираат прекрасна целина базирана на согласност, разбирање и емотивна поврзаност. Бесконечната енергија на лавот во комбинација со природното чувство за хармонија на вагата, ѝ дава баланс на оваа љубовна врска. Вагата и лавот имаат доста заеднички карактеристики. Знаат да бидат прилично ексцентрични, наспроти нивната воздржаност. Директни се во искажување на своите чувства, но истовремено сакаат мир во односите со другите луѓе.

Вага-лав - љубовна комбинација

Вагата со својот шарм и добри манири, умее да го скроти и контролира темпераментниот, категоричен и зајадлив лав. Но за разлика од вагата, лавот е многу поодлучен. Тој не само што брзо смислува планови и решенија, туку и веднаш трга во акција да ги реализира. Таа негова карактеристика внесува спонтаност и функционалност во нивната врска.

Лавот е предводен од Сонцето, кое симболизира силна машка енергија и решителност, а вагата е управувана од планетата Венера, која внесува женственост и нежност во овој знак. Вагата ужива во убавината на романтичните мигови, а лавот бара свежина во животот, која несебично ја шири на луѓето околу него. Оваа врска е судир на две спротивставени енергии, кои ја создаваат основата на љубовта – топлина и страст. Вагата умее да преговара со жестокиот и импулсивен лав, што овозможува овие два знака да оформат и успешен заеднички бизнис. Обата знака се вредни луѓе посветени на својата работа, па ако се случи да работат на исто место, нема да имаат проблем да ги завршуваат сите обврски на време.

Вагата и лавот умеат да се сретнат на половина пат, а кога се согласни, се неизмерно среќни заедно, но тие мораат да бидат обѕирни за чувствата и желбите на другиот. Во таа смисла, ориентираноста на лавот кон акција, може да дојде во судир со пасивната вага, чие однесување е базирано на моменталното расположение. Овие знаци имаат различни интереси, а лавот тежнее да биде меѓу луѓе, за да има да ѝ раскажува одлични приказни на неговата резервирана вага. Издржливиот лав, ѝ „погледнува низ прсти“ на манипулативната вага и нејзините моментални каприци. Овој пар мора да поработи на „измазнување на нерамнините“ во врската, со цел и двајцата да си ги остварат своите индивидуални соништа.

Лавот е лидерот во врската како резултат на неговата голема енергичност и моќ за убедување, додека вагата тивко ќе го преземе кормилото во свои раце од интелектуална перспектива. Лавот сака да издава наредби бидејќи сака да биде авторитетен, додека вагата на посуптилен начин умее да го сврти на нејзина страна. Таа е среќна кога ќе успее да го намали огромното его на лавот. Многу е важно лавот да ја разбере важноста на пожртвуваноста во врската. Вагата умее да ги види двете страни на расправијата и лесно постигнува компромис, додека на темпераментниот лав му е потребно повеќе време пред да попушти.

Во оваа врска двата партнера можат да научат многу еден од друг за балансот помеѓу себичноста и дарежливоста. Секој од нив го надополнува она што другиот го нема, што ги прави вагата и лавот многу компатибилен знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Mile Reply

    Ubav par.

  2. Sandra Reply

    Sovrsen par 🙂

  3. Angy Reply

    a ima za lav i bliznaci?

  4. seny Reply

    mozeli Lav i Bliznaci

  5. boki Reply

    tocnoo!

  6. 4ељњ Reply

    еееееееееееееееееееееееее

Остави коментар