Вага и близнаци – љубовна комбинација
Љубовната комбинација од хороскопските знаци вага и близнаци претставува одлична врска, базирана на заеднички интелектуални интереси, живост и умствена бистрина. Шармантната вага умее да ја балансира двојната природа на близнакот, а тој од своја страна со неговата досетливост, зборливост и остроумност секогаш умее да ја разведри и насмее вагата.Додека вагата ужива во уметноста и убавината, близнакот ужива во смислувањето неверојатни идеи, а ваквите карактеристики го прават овој пар уште поинтересен. И двајцата тежнеат кон рамноправност и пријателски однос во љубовните врски. Располагаат со огромна енергија, благодарение на која заеднички можат да смислуваат интересни идеи, со тоа што вагата своите планови веднаш настојува да ги претвори во реалност, а близнакот е подобар во теоретскиот, отколку во практичниот дел.
Друга заедничка карактеристика на вагата и близнаците е нивната потреба за интелектуална самостојност, која си ја обезбедуваат еден на друг. Вагата е предводена од планетата Венера која е симбол на љубовта, а близнакот од Меркур што ја прикажува неговата комуникативна способност. Комбинацијата на овие две сили, прави овие два знака добро да се согласуваат. Бидејќи вагата не сака да се расправа и приоритет во врската и е хармоничниот однос со партнерот, близнакот нема да си дозволува многу често да започнува искрени и долги дебати со неа.
Близнакот ја цени енергичноста на вагата и ù допушта да си ги следи своите цели и соништа. Обата знака имаат широк спектар на интереси, а таа особина е одличен материјал за провокативни дискусии. Поради силната желба на вагата да го задоволи својот партнер, таа е толерантна и внимателна со својот близнак. Но, од друга страна таа сака да ја има позицијата на лидер во врската, кој секогаш има добри предлози. И двата знака често имаат интересни замисли за љубовни состаноци и места, а флексибилниот близнак е желен да се согласи на нив, се додека вагата ја прифати неговата карактеристика да се предомислува во последен момент. И вагата и близнаците имаат тенденција да ги иницираат работите, но не се брзи во нивната реализација.
Во оваа врска, двата знака уживаат во комуникацијата и социјализирањето со своите пријатели. Тие се разбираат толку добро, што понекогаш нема потреба да користат зборови. Нив никогаш нема да им досади еден од друг, бидејќи секогаш умеат да најдат некоја интелектуална и длабока тема на разговор. Вагата со својата страствена и шармантна природа го „топи“ својот близнак со мали романтични гестови. Близнакот од друга страна, внесува хумор и смеа во врската, со што избегнува да запаѓа во мрачно расположение.
Најдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е нивното проширување на хоризонтите, погледот кон светот и прилагодувањето кон нивните индивидуални светови.
tocno moze da se kaze ))
tocno vistinito
najtocno…
poln pogodokk..bravo..
a moze da anpisete za bliznaci i rak kako si odgovaraat?
rak i bliznaci ako moze?
Може, но кога ќе дојде периодот на близнаците 🙂
che bello,tutto e giusto…