Вага и бик – љубовна комбинација
Љубовната врска составена од партнери родени во знаците вага и бик е проследена со одлична карма при што тие се чувствуваат како две половини кои формираат една прекрасна целина. И покрај тоа што на почетокот на врската навидум може да изгледа дека партнерите не делат исти интереси, кога подобро ќе се запознаат ќе откријат дека имаат многу заеднички работи. И бикот и вагата споделуваат интерес за уметност, музика и театар, уживаат во естетиката, физичкото задоволство и се вистински експерти за додворување.На тврдоглавиот бик му се допаѓа нежноста на вагата, бидејќи кога тој ќе се налути зашто работите не излегле по негово, дипломатската вага умее да ги „измазни“ работите во името на мирот во врската. Од друга страна, вагата ужива во финансиската стабилност и луксузот кој бикот може да ѝ го овозможи. Двајцата можат многу да научат еден од друг. На тој начин, вагата може да му помогне на бикот да почне да ги гледа двете страни на ситуациите, а тој пак може да ѝ помогне да ја надмине непоправливата неодлучност. Овој пар може да ужива во големата љубов, страст, луксуз и убавина.
Комбинацијата од нивните шармантни карактери можат да ја претворат во една хармонична романтична врска. Меѓутоа како и кај сите парови, така и кај нив можат да се појават проблеми, бидејќи и двата знака имаат тенденција да се однесуваат снобовски и мрзливо. Бикот во донесувањето одлуки секогаш се потпира на својата практичност, прашувајќи се „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите животни цели?“, а вагата од друга страна секогаш се потпира на своите интелектуални стимуланси, без разлика дали тие се практични или не. Конфликт во оваа љубовна врска може да настане доколку бикот стане премногу опсесивен, а вагата почне премногу да се дружи и да флертува. Понекогаш овие два знака едноставно не можат да застанат на иста бранова должина.
Ако сакаат нивната врска долго да трае, ќе мораат да научат да ги прифатат нивните разлики и поинакви гледишта кон животот. Бикот не знае да попушта, па затоа вагата ќе мора да ја прифати неговата тврдоглавост. Од друга страна, неодлучната вага може да го иритира директниот и упорен бик, кој секогаш е насочен кон остварување на замислената цел. Со нежно убедување сè е возможно, а не постои хороскопски знак понадарен со нежност, суптилност и шарм од вагата. Сè додека бикот се труди да избегнува да изјавува дека неговото гледиште кон работите е единствено и правилно, вагата ќе биде желна да ги прифати неговите одлуки. Најубавиот аспект од оваа љубовна врска е нивниот сличен „вкус“ за работите, кој е двигател на нивната меѓусебна почит и посветеност, како и исполнетиот заеднички живот.
a strelec i blizcani
Ќе има и тоа, трпение 🙂
а рак и скорпија 🙂
Ќе има, ќе има. Ако ви се брза, може да направиме пред да дојде периодот на скорпиите, со врски 🙂
zensko bik i masko lav????mn me interesira kakva kombinacija e toa..:) pozdrav
Samo hrani mu ja gordosta i ne vodi inat x)
zensko oven i masko rak ?
Zensko bik i masko devica?
isto i za mene 🙂
A zensko bik i masko lav?
Од 23ти септемрви до 22ри октомври е периодот на вагата и профилите, комбинациите и се останато е посветено на тој знак. После вага ќе има за скорпија, па за стрелец, за јарец итн. За останатите да не се чувствуваат запоставено, објавуваме и 2-3 други интересни атсролошки текстови, во кои има по некоја карактеристика за сите 12 знаци.
Доколку на некои од вас навистина им се брза, тимот на кафе пауза со задоволство ќе ви излезе во пресрет и ќе ви ја испрати љубовната комбинација пред време.
а бик и бик?страшно тешка комбинација,ама сепак ме инетересира и тоа мноогу!
Истото го мислев и јас пред да ја запознаам…….сега сме веќе заедно пола година (двата сме бик) и неможам да се пофалам со никакви “турбуленции”…ич не се замарај со глупости бик-бик )) то е
Zensko lav i Masko lav 🙂
вага и лав ? љубовна комбинација ??? ви благодарам ….
Љубовната комбинација вага – лав ќе можете да ја прочитате многу набргу на кафе пауза, т.е. на почетокот на наредната седмица 🙂 Поздрав
vaga i skorpija??? ljubovna kombinacijaa….falaaa vii
a skorpija i vaga?
Комбинацијата скорпија-вага би требало да биде објавена наредниот викенд, значи некаде околу 10ти октомври или тука некаде. Поздрав
A Vodolija i Oven? 😀
Ќе има при крај на Јануари, во периодот на водолиите. 🙂 Поздрав
a kombinacija devojce bik, momce devica?
ke ve molam ako moze i za devojce rak, momce oven?
Vodolija i Bik ? 😛
bik i bik ? :))
MNOGU E DOBRA KOMBINACIJA BIKOT ZENA I VAGATA
MAZ .TOA GO ZBORUVAM OD MOE ISKUSTVO.SAMO BIKOT ZENA E SOVRSENO DOBRA ZA MAZOT VAGA
IMAJ TE GO TOA VO PREDVID SEKOGAS
Jas sum bik a deckomi e vaga, odlicno se soglasuvame, godina i 4 meseci sme vo vrska super ni odi mozam da kazam zena bik i maz vaga se nadobra kombinacija 😀
mazot mi e bik a jas vaga pa kako mozevte da ne opisete vaka..sekoja cest …..ve molam nesto za jarcite ako mozete kratko nesto sto se, koj se kako se….
Дана, се што е објавено за јарците можеш да прочиташ на овој линк. Поздрав 🙂
http://www.kafepauza.mk/tag/%D0%88%D0%B0%D1%80%D0%B5%D1%86/
aj ve molam sto pobrgu astroloskiot profil i se se za bik osobeno za maskite bik mn me interesira…
fala odnapred
Трпение-спасение. Утре излегува долгометражниот астролошки профил на бик. 🙂
moze li da mi kazete kakva e ljubovnata kombinacija pomegju vaga i bik, i nadvoresniot izgled na bikot? :*