Утре нè очекува затемнување на Сонцето: Нов пат е пред нас!

Утре нè очекува затемнување на Сонцето: Нов пат е пред нас!

На 20 април во 17:00 часот нè очекува затемнување на Сонцето. Ова затемнување најавува период на длабоко преобразувачка енергија која ќе остави трага во нашите животи.

Утре нè очекува затемнување на Сонцето: Нов пат е пред нас!

Ќе оставиме нешто зад себе, ќе завршиме нешто на што работиме долго време, но можни се и одредени изненадувања. Ќе се појават можности кои ќе нè придвижат од старите места каде што веќе не можеме да растеме и да се развиваме.

Од друга страна, не треба да дозволиме беспомошноста да нè надвладее. Сега имаме можност да преземеме иницијатива, да зачекориме во улога на лидер, да се освестиме, да собереме храброст, да одлучиме и да одиме напред. Нов пат е пред нас. Ова е прво затемнување за оваа година кое ќе донесе низа лични промени, но и промени кои ќе влијаат на нашите односи.

Ова затемнување ќе нè соочи со нашите сопствени потреби. Дали во одреден момент се откажуваме од нашите потреби и зошто? Што можеме да промениме за да се зајакнеме, а со тоа да постигнеме подобри услови за живот? Тука е и прашањето за идентитетот и сите улоги што ги играме во секојдневниот живот, што често нè оддалечува од нашиот свет, од она што навистина сме.

Ќе поминеме низ одредени препреки и повторно ќе излеземе на површина. Можеби нема веднаш да видиме во која насока да одиме, но набргу ќе ни биде откриен првиот дел од патот. Одредени околности ќе ни овозможат и полесно да донесеме одлука.

За да ја искористите оваа моќна енергија поставете си цели. Што сакате да постигнете? Што сакате да промените, а што е особено важно за вас?

Не бидете нетрпеливи. Сè доаѓа во свое време. Понекогаш е потребно малку да почекате за го добиете она што го посакувате.

Откако прочитавте како ќе ни влијае затемнувањето на Сонцето, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе мора да се соочат со своето минато во април.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар