Урнебесен хороскоп кој ќе ве насмее до солзи

Урнебесен хороскоп што ќе ве насмее до солзи

Често читаме сериозни хороскопи од кои се надеваме дека ќе дознаеме дека ќе ни се случи нешто позитивно, без разлика дали станува збор за љубовта, здравјето или финансиската состојба. Овој поинаков хороскоп е креиран за забава и нема намера никого да повреди. Бидете спремни на смеење до солзи, отпуштете се и споделете го со пријателите доколку пронајдете барем малку вистина за некој знак.

Урнебесен хороскоп кој ќе ве насмее до солзи

Овен

Поради печатна грешка за време на првото пишување на хороскопот за знакот Овен, се верува дека тие се тврдоглави, но тоа не е вистина – личностите родени во овој знак се крајно тврдоглави. Покрај тоа, додека спијат со главата свртена кон север, тие `рчат, ги стругаат забите и често ја менуваат положбата. Овните се одлични љубовници, освен ако во подзнак не се: Бик, Близнаци, Рак, Лав, Девица, Вага, Скорпија, Стрелец, Јарец, Водолија, Риби или исто така Овен. Тие обожуваат да поставуваат чудни прашања и често се превртуваат во кревет.

Работи во кои Овните покажуваат најдобри резултати: лепење поштенски марки, помошник на заменик курир во фабрика за тестенини, одгледување полноглавци и пренесување кутии од топли во ладни простории.

Здравје: одлично, но доколку не е, се препорачуваат жолто-виолетови и црвени апчиња.

Најмногу ги возбудува: прекрстување на нозете (особено лева преку десна), гестикулации, чорапи во одредени бои и егзотични парфеми.

Личностите во овој знак најлесно можете да ги освоите со намигнување.

Бик

Доколку некој е склон да позајмува пари или книги, несмасен е и често го менува расположението од необјасниви причини – можете да се обложите дека таа личност е Бик во хороскоп. Шансите да ја добиете опкладата со нив се 1:12! Биковите се сексуални манијаци, особено ако кравата е доволно луда. Инаку, тие многу лесно се заљубуваат – најчесто во огледало и тоа е најверојатно единствената работа која ќе ја понесат на пуст остров. Доколку вашиот партнер во знакот Бик ве изнесе на вечера, земете си пари со вас, бидејќи во последниот момент ќе се сети дека паричникот го заборавил дома.

Работи во кои Биковите покажуваат најдобри резултати: препродажба на пурпурни полици, фарбање камчиња, смислување дизајн на врвци за детски обувки и уредување порно детали во месарите.

Здравје: пазете се од керамиди кои паѓаат од старите кровови.

Најмногу ги возбудува: очила поставени на пола нос, чешкање колено со нокти и сркање супа.

Личностите во овој знак најлесно можете да ги освоите со чешкање позади увото.

Близнаци

Доколку некој често повторува еден збор двапати, тоа сигурно е личност родена во знакот Близнаци. 92% од Близнаците, доколку треба да одберат помеѓу пивтија и ракчиња за ручек, тие секогаш ќе изберат пивтија и по тоа најлесно можат да бидат препознаени. Тие се слаткоречиви, обожуваат да употребуваат деминутив, склони се кон претерано јадење и често ги фрлаат чорапите под кревет пред спиење. Сакаат чисти чаршави и нечисти страсти. Морничаво се љубоморни, а особено во парните денови.

Работи во кои Близнаците покажуваат најдобри резултати: закачување закачалки, тресење тепих, пишување рекламни слогани за јоргани и дресирање лалиња да цветаат на лево.

Здравје: мерете го притисокот барем еднаш во 18 години.

Најмногу ги возбудува: душкање, дупка на чорапот и мрдање со носот за време на разговор.

Личностите во овој знак најлесно можете да ги освоите доколку ги камшикувате.

Рак

На Раковите кикиритките им се голема страст, а чоколадото им е опсесија. Често се будат навечер и го вознемируваат домашниот фрижидер. Многу се љубопитни и особено ги возбудуваат личностите кои ќутат. Доколку забележите некој во друштвото кој постојано шепоти во уво, ја става раката на уста кога се смее, се сопнува од теписи и често се оближува – знајте дека сте налетале на Рак. Во љубовта од партнерот бараат да бидат галени, а во сексот патат од долга предигра.

Работи во кои Раковите покажуваат најдобри резултати: редење книги на полици, лепење постери на задните делови од автобусите, полнење шишиња со кисела вода и пружање долна облека на тераса.

Здравје: покажувате знаци на нервоза доколку сте премногу долго изложени на контакт со личност со покачена температура.

Најмногу ги возбудува: мрдање со уши, чешкање надлактица и силен парфем.

Личностите во овој знак најлесно можете да ги освоите доколку ги бакнувате во уво.

Лав

Нивните очи сјаат кога додаваат сол во веќе солена супа, секогаш влегуваат од средната врата на автобусот, помпезно одговараат на телефон, први влегуваат во лифт и обожуваат столици за лулање – тоа се Лавовите. Во љубовта се срамежливи сѐ додека не им ја откриете омилената точка. Во сексот се освојувачи доколку главата им е свртена кон север, а грбот кон ѕид – инаку се просечни. Обожуваат да се возат на совозачкото место.

Работи во кои Лавовите покажуваат најдобри резултати: ковање клинци, работа на лента во фабрика за перики, уредување натписи „отвори овде“ на кесички за супа и чистење со правосмукалка низ домот.

Здравје: претежно добро со мали до умерени нервни сломови.

Најмногу ги возбудува: грицкање нокти на нозете, оближување и намигнување.

Личностите во овој знак најлесно можете да ги освоите доколку со бакнеж им ја затворите устата.

Девица

Тие клоцаат во кревет, обожуваат да седат во скут, ги прескокнуваат линиите кога одат по тротоар, сакаат да се ценкаат и да се тушираат со ладна вода – ова се карактеристиките на една Девица. Кога пишуваат, ставаат запирки и, каде што треба, и, каде што не, треба во, реченицата. Во љубовта, во еден момент се нормални, а во друг се спровираат низ клучалка. Во сексот се диви, но само кога се наоѓаат на тврда подлога. Многу се трпеливи – најсмирено ќе ви објаснат зошто доцнат на состанокот.

Работи во кои Девиците покажуваат најдобри резултати: дегустација на алкохолни пијалаци во фабрика, подесување жолто светло на семафори, чешлање папагали, учество во одбори за штрајк и полевање цвеќиња.

Здравје: доколку не ги земаме предвид умниците, добро е.

Најмногу ги возбудува: трепкање, пукање прсти и милување на подбрадокот.

Личностите во овој знак најлесно можете да ги освоите доколку им кажете „Ќе ги скршам своите коски пред појасот на невиноста“.

За останатите знаци продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар