Триесетдневен предизвик за секој хороскопски знак

Триесетдневен предизвик за секој хороскопски знак

Предизвикот се состои во тоа цел месец да одржувате одреден вид дисциплина, да решите, да се заинатите, или едноставно да одговорите на предизвикот, бидејќи во тоа пронаоѓате потврда, забава, а и ќе забележите дека е корисно за вас. Еве ги предизвиците кои одговараат на вашиот хороскопски знак.

1-triesetdneven-predizvik-koj-treba-da-go-napravite-vo-sklad-so-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Овен – Гледање филмови!

За динамичниот Овен предизвик е секој ден да изгледа по еден филм. Никогаш немате време за тоа, нели? Тогаш, прифатете го предизвикот, сфатете го како домашна задача и направете листа со филмови кои никогаш не сте стигнале да ги погледнете, а сте посакале. Одредете време за гледање на филмот и еднаш неделно организирајте филмска вечер со своите пријатели. Вечерта исполнета со добар филм ќе ве исполни, ќе ја задоволи вашата љубопитност, ќе ви ја поттикне фантазијата и ќе создаде чувство на структура и стабилност после дневните обврски.

Бик – Без социјални мрежи!

Триесет дена без Фејсбук? Инстаграм? И сите останати социјални мрежи, кои сигурно ги користите… Па, тоа е голем предизвик за секого, но вие го можете тоа и вашата потреба за ослободување од виртуелниот свет има право да биде задоволена. Инаку, вие многу повеќе уживате во седенките со вашите пријатели и во секој друг облик на дружење со блиските луѓе, отколку во површната комуникација и интеракција со голем број непознати (или оние кои ви се само познаници) на социјалните мрежи. Ако имате потреба од Фејсбук за работа, направете посебен профил, без додавање на пријателите и уживајте во слободното време кое ќе го добиете и кое можете да го поминете во дружење, спорт, читање, прошетки…

Близнаци – Школа за танцување

Тоа е последното нешто што би решиле да го преземете, иако многупати ви паднало на памет, но сте биле во дилема – Каков вид танц? Стомачен танц, хип-хоп? Не, одговорот е класични танцови, во пар. Поради балансирањето на вашата дупла личност и машка и женска енергија, за вас е предизвик школата за танцување во која е потребно ускладување со партнерот. Знаењето во оваа област ќе биде доста конструктивно за вас.

Рак – Предизвик за подготовка на здрав оброк

Ова е еден крајно корисен предизвик за вас. Уживате во храната и пијалакот, но некако е полесно да уживате во што било кое некој друг ќе го приготви, а уште подобро доколку тоа е спакувано во пластични садови и испорачано, или доколку седите во ресторанот, бидејќи миењето на садовите е нешто за кое не ни сакате да мислите. Ѕвездите ви велат дека треба да се ангажирате и да извалкате неколку тенџериња и чинии и да ја насочите вашата креативност во изборот на продуктите, проучувањето на рецептите и подготовката на неделното мени.

2-triesetdneven-predizvik-koj-treba-da-go-napravite-vo-sklad-so-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Лав – Учење нови вештини!

Постојат области во кои никогаш не сте се сметале за доволно вешти и компетентни, а кои секогаш ве интересирале. Времето на предизвици е идеално за да се осмелите и да се посветите на учењето, како и да совладате нешто кое одамна ви паѓа на памет – започнување сопствен работен проект, занимавање со некое хоби. Велат дека се потребни само 20 часа активно учење за да се совлада некоја вештина – ќе бидете изненадени колку добро ви оди нешто во кое досега сте немале искуство.

Девица – Длабинско чистење!

Вие сте заслужиле триесетдневна програма за длабинско душевно и телесно прочистување од сите работохоличарски акции и претераната одговорност и темелноста со која ѝ пристапувате на секоја работа. Јадете здрава храна, медитирајте, вежбајте, одмарајте. Ако е потребно да земате и одмор и боледување за да си ја овозможете програмата за чистење, направете го тоа. И на овој план, сигурно, ќе му пристапите темелно и одговорно и ќе бидете презадоволни со резултатите. Само перфектно извршената работа е доволно добра за вас, па затоа, сфатете го сериозно овој предизвик и веднаш одговорете на него.

Вага – Длабинска медитација!

Вам ви е потребно да се поврзете со вашите најдлабоки желби, а понекогаш е тешко да се стишите и да ги сослушате другите, бидејќи сопствените проблеми ви создаваат бука и гужва во главата. Вагата има суштинска потреба за баланс и затоа треба да го прифатите триесетдневниот предизвик за медитација. Најдобро би било тоа да биде на некој специјализиран семинар или камп, каде што нема ништо да ви го одвлекува вниманието. Кога еднаш ќе започнете, нема да се откажете, но не размислувајте воопшто за тоа дали да започнете, туку кога.

Скорпија – Уметнички предизвик

Страсната природа на Скорпијата можеби не успеала да се насочи на сонот од детството и нејзината енергија се распространила на многу работи на кои им се посветила. Пронајдете го вашиот внатрешен уметник и триесет дена занимавајте се со креативна, убава, инспиративна и уметничка содржина, и тоа е вистинскиот предизвик за вас.

3-triesetdneven-predizvik-koj-treba-da-go-napravite-vo-sklad-so-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Стрелец – Јога предизвик!

Вашето тело е чувствително на сензации и треба да работите на флексибилноста, особено за да можете со леснотија да дивеете во креветот. Целата таа акција собрана во вашето тело создава доста напнатост и вашето тело ќе се чувствува доста удобно ослободувајќи се од блокираната енергија, во јога положбите. А вашиот авантуристички дух, исто така ќе биде задоволен – јогата е вистинска духовна авантура. Да, треба да издржите, но токму тоа е предизвикот.

Јарец – Бидете турист во сопствениот град!

Изгледа како предизвик недостоен за вашите цели, способности и искуства. Веќе знаете какво е задоволството да патувате и да запознавате нови луѓе, да вдишувате нови мириси и да ја чувствувате атмосферата на различните места и градови. Но, вашиот град го земате здраво за готово. Кога последен пат сте биле во музеј? Во некоја уметничка галерија? Спомениците не служат само како места за собирање со друштво кои се секому познати. Што е она што го сакате како турист да го пронајдете во другите градови? Пронајдете во вашиот град ресторан со најдобро турско кафе и најдомаќинска атмосфера. Слаткарница која ги има колачите од вашето детство. Шумска патека по која шетаат вљубените парови. Качете се на врвот од некоја зграда, одете по главната улица и не гледајте во излозите, туку во архитектурата. Треба да обиколите вкупно 30 локации, а додека го направите тоа, ќе смислите уште 30, бидејќи ќе го гледате вашиот град со други очи и ќе се чувствувате многу поопуштено.

Водолија – Предизвик за морски вештини!

Звучи лудо, нели? Но, потребени ви се месец дена да поминете на море, во некоја школа за едрење, сурфање, управување со моторен чамец, веслање… Водата под вас, небото над вас, вашето тело се јакне во спортот кој вашиот дух може да го сфати во целост и да го прифати како целосна слобода, како исполнување на вселенската задача, бидејќи вие не се занимавате со тривијални задачи.

Риби – Дневник со соништа!

Соништата се вашето секојдневие, но за вас е предизвик да ги запишувате континуирано, да водите дневник на вашата потсвест и да ја откриете пораката која доаѓа од нив. Набавете ја најубавата тетратка за дневник и најелегантното пенкало и чувајте ги покрај креветот – запишете ги соништата наутро, пред да се измиете. Еднаш неделно читајте го сето она што сте го запишале и оставете го вашиот дух да ја разбере поврзаноста и значењето. Имате многу аспекти од вашата личност и вашиот живот на кој предизвикот за водење дневник со соништа ќе има позитивно влијание.

4-triesetdneven-predizvik-koj-treba-da-go-napravite-vo-sklad-so-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар