Транзит на Јупитер во Риби: На повидок е нова енергетска промена!
Во новата година ќе сфатиме дека секогаш она што го даваме на другите, тоа и го добиваме за возврат. Односот спрема самите нас, но и кон другите ќе се манифестира во нашите животи. На повидок е нова енергетска промена која ќе отвори нови врати во нашата свест.
Време е да почнеме да ѝ веруваме на сопствената интуиција и да се откажеме од илузиите и заблудите. Денес, Јупитер ќе влезе во знакот Риби при што сите негови квалитети ќе дојдат до израз.
Јупитер ни помага да бидеме подобри луѓе, да ја разбереме важноста на поврзаноста и колку многу влијаеме еден на друг. Сега имаме можност да покажеме сочувство и да им помогнеме на болните, сиромашните, изнемоштените. Време е да научиме да го почитуваме нашиот, но и светот на другите луѓе. Да не судиме туку да се обидеме да прифатиме и разбереме.
Време е да почнеме да веруваме дека чудата се можни. Време е да започнеме да ги остваруваме нашите соништа и да веруваме дека добрината на крајот ќе победи. Ова е вистинскиот момент да ги затвориме старите поглавја и да се подготвиме за новите цели. Како можеме да продолжиме напред? Тоа ќе го направиме доколку им простиме на оние кои нè повредиле, затоа што на крајот на краиштата сите сме луѓе и сите грешиме.
Можете ли да замислите подобра иднина во која ќе се видите себеси задоволни и со насмевка на лицето? Ајде да ја разбудиме нашата креативност и да го правиме она што нè усреќува. Да не ја заборавиме лековитата моќ на поезијата, танцот, музиката, фотографијата, јогата и медитацијата.
Сите овие мали чекори ќе ни помогнат да станеме подобри луѓе. Подобри кон себе, но и кон другите.
Откако прочитавте за енергетската промена што ќе ни ја донесе Јупитер во следниот период, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 27 декември до 2 јануари.
Извор: atma.hr