Точното време на раѓање може да ја предвиди вашата иднина!
За да ја откриете вашата иднина, освен хороскопскиот знак треба да го знаете и подзнакот – каде се наоѓала Месечината во моментот кога сте родени. Затоа, неопходно е да го знаете точното време на раѓање за да сфатите дали е поголемо влијанието на Сонцето или Месечината врз вашиот хороскопски знак.
Многумина го знаат само сопствениот хороскопски знак, односно знакот во кој се наоѓал Сонцето во моментот на вашето раѓање. Но, со цел да дојдат до подетална астролошка прогноза, астролозите изработуваат натална карта за што е потребно да го знаете точното време во кое сте родени. Часот на раѓање има големо влијание затоа што го одредува вашиот подзнак. Од подзнакот зависи како другите ве гледаат и како вие гледаме на светот, тој е заслужен за вашите карактеристики. Овен тоа, друг податок кој исто така игра голема улога е дали сте родени дење или ноќе.
Сонцето и Месечината се подеднакво важни – тие не можат да постојат едно без друго. Доколку размислувате за положбата на планетите во моментот кога сте се родиле, сосема очигледно е дека ако сте родени дење вашиот симбол е Сонцето, а доколку сте родени попладне или ноќе, вашиот симбол е Месечината.
Енергијата на астролошкото Сонце е клучна во одредување на карактерот на личноста. Оние кои се раѓаат кога сонцето се наоѓа на врвот (напладне) или приближно напладне, се одликуваат со храброст, смелост и отвореност.
Кај оние, пак, кои се родени ноќе, Сонцето се наоѓа во долната половина од наталната карта, што ги прави почувствителни и интровертни. Кај нив, очигледно, доминира влијанието на Месечината. Ако сте родени во текот на ноќта, Месечината станува вашиот светлосен водич. Таа ја одредува вашата вистинска природа и ги рефлектира вашите вистински аспирации.
Откако прочитавте за влијанието на Сонцето и Месечината врз вашиот хороскопски знак, можеби ќе сакате да прочитате и што може да открие наталната карта за вашиот карактер.
Извор: sensa.mondo.rs