Тие се силни, но нежни: Еве што треба да запомнете за припадничките на знакот Лав
Лавот е огнен знак и неговите припадници се родени помеѓу 23 јули и 22 август. Иако 2015 беше тешка година за лавовите, тоа не беше така за Лавиците. Тие се силни лидери со нежна страна и можеби ви изгледаат како опасни лавици однадвор, но внатре тие се ранливи.
Она што е интересно кај овој знак е што тие се комбинација од нежност и сила и харизматичност со доза внимателност. Жените во знакот Лав се родени лидери – тие можат да станат поп ѕвезди или комедијанти, имаат големи шанси да станат писатели или големи готвачи. Можностите за овој огнен знак се бесконечни. Ако познавате некоја Лавица, или вие сте припадничка на овој хороскопски знак, еве неколку нешта кои треба да ги запомните.
1. Жените во знакот Лав се водачи на Зодијакот
Тие се оптимистични и навидум бестрашни, се спротивставуваат на секој што ќе им застане на патот и се спремни на сѐ. Кога се со група луѓе кои се во недоумица, припадничките на знакот Лав се оние кои први преземаат иницијатива и ги водат останатите. Тие имаат моќ да се справат со сѐ – без разлика дали тоа значи планирање забава или решавање на некој проблем и лесно можат да убедат некој да направи нешто за нив.
2. Тие се центар на внимание
Овие жени се оние кои ги носат одлуките, но и кои бараат одобрение. Луѓето веднаш знаат дека тие се оние кои први ќе дадат предлог и ќе го спроведат зацртаниот план, ама во исто време тие секогаш чекаат одобрување од другите луѓе. Иако изгледаат како да имаат голема самодоверба, Лавиците многу се грижат за тоа како другите ги гледаат.
Тие ги спојуваат луѓето и иако уживаат во големи друштва, некогаш сакаат да поминуваат време сами. Тие се многу чувствителни кога станува збор за нивното прифаќање во друштвото, но исто така некогаш сакаат да бидат и надвор од него.
Ако сакате да изгледате како жена во знакот Лав треба да имате волуменозна коса, облека која остава силен впечаток и црти кои ве делат од останатите. Тие го трошат нивното време и нивните пари за да се осигурат дека изгледаат добро, но тоа го прават за себе, а не за другите.
3. Тие се чувствителни
Жените во знакот Лав се емоционални жени кои лесно можете да ги повредите. Додека останатите ги критизираат дека на моменти се премногу суетни, нивната огромна надворешна самодоверба може да биде само маска за големата несигурност која се крие внатре во нив.
Од есенцијална важност е тие да ја покажуваат нивната ранлива страна за да заслужат почит од луѓето околу нив. Ако не бидат ранливи, тогаш луѓето ги перципираат како кавгаџии и агресивни луѓе.
Лавиците многу внимаваат на луѓето околу нив. Лесно паѓаат под влијание на туѓите аури и честопати се обидуваат да направат луѓето околу нив да се чувствуваат подобро – макар и по цена на нивната среќа. За нив еден од најтешките животни предизвици е да најдат баланс помеѓу нивната силна и нивната ранлива страна. Потребно им е време да ги обработат емоциите пред да реагираат.
4. Лавиците се директни
Не се срамат да го искажат своето мислење, без разлика дали луѓето околу нив се согласуваат или не. Тие имаат мислење и сакаат да го искажат. Иако на моменти се тврдоглави, тие лесно можат да продолжат понатаму. Не држат лутина и не се воздржуваат. Знаат што сакаат од животот и целат кон постигнување на тоа. Кога станува збор за постигнување цели, никој не може да им ги попречи нивните планови. Додека на некои луѓе ова им изгледа како да имаат пресилен натпреварувачки дух, тие знаат дека единствената конкуренција си се тие самите на себе.
5. Припадничките на овој знак се длабоки романтичари
Тие се спремни да го чекаат она што го заслужуваат. Сакаат да истражат сѐ што им се нуди, но сепак некој ден сакаат да се скрасат. Уживаат во сингл статусот и авантурите што тој ги овозможува, но честопати се спремни да го чекаат господинот Вистински.
Имаат силни пориви за секс и се спремни да пробаат скоро сѐ. Иако надвор од спалната соба сакаат да бидат центар на внимание, во неа тие се малку поскромни. Не се срамат да им кажат на своите пријатели за нивните секс авантури, но сепак преферираат некои тајни да си ги зачуваат за себе. Некогаш сакаат малку да флертуваат, но никогаш не би ги повредиле саканиот.
Нивните врски се длабоки и емоционални. Кога станува збор за страст тие се како луда железница – се расправаат, се караат и се љубоморни, но кога се навистина заљубени тие го даваат својот максимум за личноста која ја љубат.
6. Тие се прекрасни пријателки
Тие се љубезни и лојални пријателки кои се премногу великодушни и честопати премногу заштитнички настроени. Амбициозни се и лесно се справуваат со неуспех. Луѓето обожуваат да бидат околу нив. Лавиците го зачинуваат животот на оние околу нив.
7. Припадничките на овој знак се сложуваат една со друга
Тие го разбираат и доброто и лошото кое доаѓа со секој човек и воглавно се сложуваат со останатите припаднички на овој знак. Потребно им е време да се разберат себеси и да најдат баланс. Ако го прават тоа, тогаш останатите можат да го ценат нивниот сложен карактер. И најважното нешто што овие жени треба да го запомнат: Никогаш не срамете се од моќта која ја поседувате.