Створени за брак: Жените родени во овие хороскопски знаци ќе бидат одлични сопруги

Створени за брак: Жените родени во овие хороскопски знаци ќе бидат одлични сопруги

Сите жени можат да бидат привлечни доколку сакаат, но овие се вистински заводници. Тие природно зрачат со многу силна харизма и воопшто не мора да се трудат да ги освојат мажите, тоа едноставно се случува само по себе. Жените родени во овие хороскопски знаци секогаш се во центарот на вниманието и оставаат позитивен впечаток каде и да отидат. Дознајте на кои хороскопски знаци мажите никако не можат да одолеат…

Рак

Створени за брак: Жените родени во овие хороскопски знаци ќе бидат одлични сопруги

Жената родена во знакот Рак не знае да сака половично. Нејзините чувства кон партнерот се секогаш интензивни. Таа е подготвена да стори сѐ за мажот кој го сака и нејзината љубов е безусловна. Најважна ѝ е секогаш среќата на партнерот. Понекогаш знае да драматизира за ситници, но тоа не е ништо во споредба со љубовта што може да ја даде. Таа сака да создаде топол дом за нејзиното семејство. Освен тоа, жената Рак е голем љубител на храната, одлично готви, особено кога готви за други. Таа ќе биде посветена мајка на која единствен приоритет ќе ѝ бидат децата. Од партнерот очекува само љубов и искреност.

Овен

Створени за брак: Жените родени во овие хороскопски знаци ќе бидат одлични сопруги

Мажите просто паѓаат на колена пред темпераментната, храбра и бестрашна жена родена во знакот Овен. Таа е многу силна и токму поради тоа е одлична животна партнерка. Најпривлечна им е на мажите кои обожаваат силни и храбри жени. Таа е секогаш подготвена да направи компромис, дава многу, но и очекува многу од партнерот кој покрај неа ќе стане поодговорен и благодарение на нејзината поддршка ќе добие мотивација да оствари сѐ што ќе замисли. Таа со двете нозе стои цврсто на земјата, реална е во љубовта и многу е тешка за освојување. Мажот кој ќе успее во тоа може да биде сигурен дека таа е навистина заљубена во него. Како мајка е прилично строга и децата ги претвора во победници и лидери со помош на нејзините воспитни методи. Од партнерот очекува да покаже силен карактер и одлучност.

Лав

Створени за брак: Жените родени во овие хороскопски знаци ќе бидат одлични сопруги

Гордата и страсна Лавица бара партнер кој ќе може да се рамни со неа, особено кога станува збор за доминантноста. Таа не „паѓа“ на секакви мажи и не треба да се труди за да заведе некого. Нејзиниот вроден шарм ги привлекува сите. Можеби понекогаш во голема мера е фокусирана само на себе, но таа е посветена партнерка која знае да љуби несебично. Подготвена е да се бори за себе и за партнерот како вистинска лавица, а подеднакво заштитнички настроена ќе биде и кон нејзините деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар