Стрелец и водолија-љубовна комбинација

Стрелец и водолија – љубовна комбинација

Комбинацијата од идеализмот на водолијата и знаењето на стрелецот, го прават овој пар многу креативен и уникатен. Во нивната љубовна врска владеат искреноста и отвореноста и без разлика што помеѓу партнерите може да се појави натпреварувачи дух, ним не може да им здодее еден од друг. Покрај тоа што меѓу нив постои прекрасна романтична енергија, стрелецот и водолијата се и големи другари, како резултат на нивниот индивидуализам. Двајцата имаат идеалистички размислувања, го живеат животот со страст и верба, па не е ни изненадување што уживаат во заедничките мигови. Кога се заедно, тие „ можат да летаат, без да стравуваат дека ќе паднат“.Стрелец и водолија - љубовна комбинацијаПовеќето љубовни врски сочинети од партнери кои се стрелец и водолија во хороскоп, најмногу од сè уживаат во неа поради нивното меѓусебно безрезервно обожување и почит. Стрелецот е привлечен од индивидуалноста, визијата и креативниот капацитет на водолијата. Од друга страна, водолијата се восхитува на иницијативноста и извонредните способности кои стрелецот ги поседува. Тој секогаш има нови идеи на ум, но честопати не е доволно вешт за да ги спроведе на дело, како што тоа го може водолијата.

Стрелецот и водолијата наоѓаат задоволство во извесен степен на независност во врската и помеѓу нив ретко настануваат недоразбирања, бидејќи двајцата ја разбираат таа потреба. На моменти, стрелецот може да изгледа премногу себичен во очите на водолијата, а таа пак може да е премногу ексцентрична за негов вкус. Но, сè додека комуницираат за она што ги прави среќни во врската, тие без проблем ќе ги надминат сите помали и поголеми препреки на патот.

Стрелецот е предводен од планетата Јупитер, а водолијата од планетите Сатурн и Уран. Овие три планети формираат еден круг кој е типичен за врската помеѓу стрелецот и водолијата – нивната неверојатна способност за добра комуникација, меѓусебно разбирање и поддршка. Уран е симбол на креативниот ум и способноста за смислување уникатни идеи, кои се типични карактеристики на водолијата. Потоа се приклучува влијанието на Јупитер, кој во стрелецот внесува желба за непрекината едукација, информираност и интелектуален раст. Кругот го комплетира Сатурн, чие што влијание помага целиот процес да се заврши, откако ќе секне инспирацијата на Уран и кога енергијата на Јупитер ќе премине кон некоја нова работа.

Стрелецот е огнен знак, а водолијата е воден. Воздухот го разгорува огинот, на ист начин како што водолијата може да го инспирира стрелецот да ги реализира своите соништа. Истовремено стрелецот може да ја одржува тенденцијата на водолијата да презема експериментални потфати базирани на футуристички замисли. Овие два знака во комбинација се еден навистина иновативен и инветивен тим. Водолијата и стрелецот ја користат нивната интелигенција и чувство за авантура за да стекнат нови животни искуства, притоа меѓусебно потхранувајќи си ја нивната креативност. Двата знака имаат неограничен дијапазон на интереси. Водолијата е креаторот на оригинални идеи, кои енергичниот стрелец со нетрпение чека да ги спроведе во акција.

Стрелецот е личност која има тенденција да го следи своето внатрешно чувство за авантура и вечно да е во потрага по нешто ново, кое ќе и го покачува адреналинот и ќе ја потсетува дека е жива, но таа исто така е и секогаш спремна да престане да го прави тоа што го прави, за да се прилагоди на потребите на својот партнер. За разлика од него, водолијата е помалку прилагодлива кон туѓите потреби и целосно се предава на работата која што ја работи, сè додека во неа постои страст за реализација на истата. Додека стрелецот е среќен и задоволен „летајќи“ од една на друга работа во зависност од моменталното расположение, водолијата умее да ги стабилизира нештата и да помогне да се решат проблемите. Двата партнери се лојални и посветени на нивната врска и имаат моќ заеднички да успеат на многу животни полиња.

Најдобриот аспект од љубовното гнездо водолија-стрелец е нивната способност да ги решат и најголемите проблеми кои би можеле да настанат во нивната врска, ако одлучуваат според желбите на нивните срца. Овие партнери можат да се држат до еден конкретен план, од оној момент кога тој ќе биде цврсто „вгнезден“, по пат на добра комуникација. Овој извонреден љубовен пар е базиран на надворешно видлива иницијатива, енергичност и акција, но истовремено и на емоционална длабочина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. anna Reply

    bas vo ovaa ljubovna kombinacija sme i epten malku da nerecam voopsto ne si odgovarame.strelecot e uzas si izgubiv vreme,nervi,se zdobiv so stresovi ,i depresija.bas strelec vo vistinska smisla na zborot inaetot im e vrv.

    • xds Reply

      Ana, jas pak kako strelec, mozham istoto da go kazham za vas vodoliite! Potvrdoglavi sushtestva od vas amin! I vreme gubeno i stresovi i depresii… aj…

      🙂

    • Vesna Reply

      Se slozuvam i jas!

  2. ganimet Reply

    xds vo pravo si, stresovi do daska….

  3. xxx Reply

    Hahaha nema podobri ljubovnici od vodoliite kako so mozi da saka neguva… a sekako tvrdoglavi se,se so treba e da go svatis posle lesno e se… 🙂

  4. anna Reply

    xxx ova ti bese pretocno kazano,kako so mozi da saka i pocituva vodolijata,neznam,pa vo sekoj xoroskop mislam tie se isti raboti koi se poklopuvaat ako gresat ke zgresat poprvo zasebe otkolku na drug,gledaat da pogodat na sekoj ,a posledno sebesi,dodeka strelecot isto e los i na usta,i pred se se gleda sebesi kako preceneti nesto vo toj tip,samobendisani,inaetci veke kazav,kolku i da se krivi ma nikogas nekat da se izvinat,mn.znaci mn.negativni osobini poseduvaat,doseka kako so kaza xxx vodolijata dokolku ja svati lesno e se,nedaj boze to da e strelecot i posle misli deka mozi da si praj se po negovo,i podrustveni od vodoliite znaci nesporedlivi razliki megu ovie znaci,sepak sekoj od iskustvoto ke s kazi.

  5. jghjg Reply

    Jas sum vodolija,a decko mi e strelec.Poinaet jas nemam videno,i sto e najvazno mnogu sakaat da e po nivno -sto e mn losa karakteristika.
    A nie sme tolku grizlivi i sakame da bide se vo red,duri i dusata da si ja dades za nekoj,a strelcive se ponekogas tolku “studeni” sto ponekogas me izluduva toa !!!

Остави коментар