Стрелец и рак – пријателска комбинација
Ракот сака пријател кој ќе биде покрај него и во добро и во лошо, а стрелецот е тип на човек кој не може да остане на едно место подолго од 5 минути. На ракот му е најубаво кога е на некое познато место или во домашна атмосфера, а стрелецот преферира да започне авантура, патувајќи во непознат правец. Стрелецот брзо ги извршува своите задачи, а ракот е прилично бавен. Ракот е внимателен со пари, а на стрелецот постојано му се „лизгаат “ низ прсти. Стрелецот е брутално искрен, а ракот е премногу емотивен и затворен. Се прашувате дали постои некаква надеж за пријателство помеѓу овие два знака?
Ова другарство може да успее, доколку двајцата научат да гледаат на разликите во карактерот на нивниот пријател, како на добри особини, од кои можат да научат нешто за сопствениот живот. Така на пример, еланот на стрелецот и неговата желба за живеење на животот, може да го натера ракот да проба активности, кои никојпат не ги искусил. На ист начин, сентименталноста на ракот, може да ја „разбуди“ нежната страна кај стрелецот.
На ракот може да му оди на нерви вечното доцнење на стрелецот половина час после договореното време, а променливото расположение на ракот, може да го уништи веселото расположение на стрелецот. Во секој случај, овие двајца пријатели можат да научат многу работи еден од друг, бидејќи имаат различна карактерна природа.
Двата знака обожаваат да јадат и може заеднички да уживаат посетувајќи разни ресторани, низ градот или државата во која живеат. Исто така, раковите се најчесто и одлични готвачи, па стрелецот не треба да пропушта прилики кога тој сака да му приготви домашна храна. Ракот откако убаво ќе го нагости својот пријател, ќе го забавува со разни вицови и прости шеги. После кратко време, двајцата ќе бидат презафатени смеејќи се, така што ќе заборават зошто воопшто некогаш не се согласувале.
Од активностите, може да уживаат во веслање со кајак, танцување, јавање на коњ, изработка на глинени предмети и играње шах.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
mojata najdobra drugarka e strelec i odlicno se soglasuvame 🙂
Јас,како типичен Рак имам лошо искуство со Пријателка Стрелец.
jas sum strelec a mojot soprug e rak i vo brak sme skoro 6 godini i odlicno se soglasuvame 🙂
Jas sum rak a zenami strelec a vo brak sme 26g pa dobro ni odi:)
jas sum rak a maz mi strelec vo brak sme 9 god. i se e vistina sto pisuva za taa kombinacija, vo glavno e super