Стрелец и овен – љубовна комбинација
Љубовната врска сочинета од партнери родени во хороскопските знаци стрелец и овен може да постане љубов од соништата, бидејќи овие два знака имаат многу заеднички работи. Како резултат на нивните слични енергии, интереси и ниво на моќ, овие партнери се високо компатибилни. И стрелецот и овенот се пионери и истражувачи, а тие нивни карактери ја прават оваа врска страсна и возбудлива, во која тие се секогаш подготвени заеднички да се впуштат во некоја нова авантура.Двата знака копнеат за животно искуство кое ќе го осетат на сопствена кожа и не сакаат да си го трошат времето читајќи или слушајќи други луѓе кои ги прераскажуваат нивните животни приказни. Во секој случај, овие партнери мораат да бидат и внимателни, со оглед на тоа дека овенот секогаш избрзува, а стрелецот има тенденција да забележи сè освен очигледното. Воедно, без разлика што овие партнери имаат многу заеднички работи, одржувањето на нивната врска на долг рок може да им претставува проблем, бидејќи обајцата имаат огромна енергија да започнуваат нови работи, но немаат голема волја да ги истераат до крај. Како и да е, тие имаат потенцијал да бидат не само одлични љубовни партнери, туку и најдобри другари, бидејќи го разбираат нивниот заеднички оптимистички поглед кон животот.
Проблеми помеѓу нив се појавуваат ретко – кога стрелецот ќе почувствува потреба за слобода и независност, а овенот ќе го „задуши“ со својата посесивност. Овенот исто така е многу почувствителен од забавниот и кокетен стрелец, на кој пак често му се случува „јазикот да му биде побрз од умот“. Добрата работа во сето ова, е дека и двата знака се способни многу брзо да заборават и простат. Тие немаат време да се заморуваат со непријателски однос и чувства на омраза.
Овенот е управуван од планетата Марс (страст), а стрелецот од Јупитер (филозофија и среќа). И двете планети симболизираат силна, мажествена енергија, која им овозможува на обата знака да имаат исто гледиште кон животот. Стрелецот сака да презема ризици, а овенот сака да презема иницијативи, а понекогаш тоа го први дури и на агресивен начин. И стрелецот и овенот се огнени знаци, а нивната врска може да се базира на бесконечна „огнена“ љубов, доколку партнерите го сакаат тоа.
Кога овенот ќе „настапи“ со нова, возбудлива идеја за состанок, патување или друг вид авантура, стрелецот е секогаш спремен да се согласи и да ја прифати истата. И двата знака се секогаш активни и имаат неограничен извор на енергија, која ретко кога би штетела на нивната врска. Помеѓу нив никогаш не би се случила борба за моќ, во смисла кој е главен во врската. Овенот сака да ги добие целото признание и слава, а стрелецот е задоволен ако може да ги „контролира конците“ од заднина.
И овенот и стрелецот се подобри во започнување, отколку во завршување на работите, а тоа може да претставува проблем доколку еден од нив почне да чувствува дека врската станува неинтересна и без свежина. Среќа што таква околност е тешко веројатно да се случи во оваа возбудлива љубовна врска. На овенот лесно му досадуваат работите, но стрелецот секогаш живее со брз и динамичен ритам и успева да ја одржи забавата во нивната врска.
Најдобриот аспект од љубовната комбинација стрелец–овен е нивниот огромен ентузијазам, непресушна енергија и нагон за авантуристички потфати. Сличните карактери и интереси на овие два знака, се одличен потенцијал за едно прекрасно љубовно гнездо.
Кога ќе има за стрелец и рак? (:
Mozhe Shkorpija i oven ??
Тина, ова е период на стрелците, така што сите комбинации ќе бидат објавени набрзо, а љубовната комбинација стрелец и рак, уште во текот на оваа недела.
Периодот на скорпиите помина, па може да се прочита сè за нив: http://www.kafepauza.mk/tag/скорпија, а конкретната комбинација е објавена овде: http://www.kafepauza.mk/astrologija/skorpija-i-oven-ljubovna-kombinacija/
Odlichno. Vi blagodaram na odgovorot. Pozdrav. (:
strelec i ribi pls :))
Moze li ve molam strelec i devica ?Pozdrav..
riba i lav?
bik i riba plss:)))
Oven i Bik ve molam!
oven i devica ako mozee 🙂
oven i rak ve molam ako mozhe 🙂
super 🙂 jas sum strelec a decko mi e oven 🙂 <3
mmmmmm :))