Стрелец и јарец – пријателска комбинација
Стрелецот и јарецот се една необична комбинација кога станува збор за пријателски однос, бидејќи тие имаат многу различен поглед кон животот. Стрелецот е вечен оптимист, а јарецот има помрачен поглед кон животот. На стрелецот воопшто не му е грижа за материјалните работи, а јарецот ќе се чувствува удобно во сопствената кожа, доколку има доволно пари за да си дозволи да купи што сака. Стрелецот сака да експериментира, додека јарецот се држи до испробаните и квалитетни методи.Стрелецот поседува многу карактерни особини на кои јарецот им се восхитува: искреност, смисла за хумор и интелигентен начин на размислување. Од друга страна и стрелецот потајно им се восхитува на трудољубивоста, решителноста и иницијативноста кои ги има јарецот, и покрај тоа што јарецот може да не ја забележуваа таа почит.
Овие пријатели можат да научат многу работи еден од друг. Јарецот може да го научи стрелецот како да заработи пари, користејќи ги сопствените таленти и потенцијал. Во тоа стрелецот несомнено ќе ужива, бидејќи ќе му биде убаво да заработува од нешто што ќе го работи со ќеф. На сличен начин, стрелецот може да му ги прошири интересите на јарецот, за кои тој никогаш претходно не бил ни свесен дека ги има. Секогаш кога на јарецот му е потребен добар предлог за решение на некој проблем, може да му се обрати на стрелецот за да му даде одличен совет. За услугата, јарецот со задоволство ќе му возврати помагајќи му подобро да си ги организира финансиите.
На стрелецот може да му се смачи од шефовската природа на јарецот, додека пак на јарецот може да му се смачи постојано да му позајмува пари на овој пријател. Исто така, на јарецот може многу да му смета кога стрелецот дрдори на мобилниот телефон, додека уживаат во заедничка вечера во ресторан со пет ѕвездички. Но, јарецот треба да се присети и како му било на стрелецот кога паднал по скали и тој наместо да го праша како е, трчал наоколу распрашувајќи се за неговото здравствено осигурување.
Наместо да се фокусираат на нивните карактерни разлики, стрелецот и јарецот треба да се држат до активностите во кои двајцата уживаат како што се: скијање, играње фудбал, колекционирање книги за домашна библиотека, играње шах, изработка на мозаици и друго.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.