Стрелец и бик – љубовна комбинација

Стрелец и бик – љубовна комбинација

Љубовта помеѓу стрелец и бик може да биде неверојатно страсна и „жешка“, но овие партнери ќе мораат да си дадат себеси време за да ја разберат посебната енергија која се создава во нивната врска. Двајцата партнери можат да научат многу од нивната врска. Додека стрелецот „цвета“ во оние периоди од животот кога постојано запознава нови луѓе, посетува нови места, пробува различен тип храна и слично, бикот може да биде прилично задоволен и со рутинско секојдневие, сè додека истото му дава чувство на стабилност и сигурност.Стрелец и бик – љубовна комбинацијаНа почетокот на нивната врска, бикот може да бара повеќе приврзување и дефиниран однос отколку што стрелецот е спремен да даде, но ако бикот научи да биде трпелив, стрелецот дефинитивно ќе почне да го цени комфорот и стабилноста која неговиот партнер му ја пружа.

Овие два знака имаат различни погледи кон животот. Бикот е сталожен, сериозен и практичен, кои карактеристики го неутрализираат неуморното однесување на стрелецот. На стрелецот може да не му се допаѓа честото млитаво, безживотно однесување на бикот и ќе се обидува да му ја забрза крвта во вените, што е негов доста паметен начин да го предизвика бавниот и непроменлив бик да се активира.

Бикот во суштина, има многу работи да му понуди на стрелецот во врската, кој можеби ќе има проблем да си ја признае себеси потребата за безбедна и стабилна љубов. Стрелецот за возврат, ќе внесе многу забава и авантуристички дух во секојдневието на бикот.

Бикот е управуван од планетата Венера, која е симбол на љубовта, а стрелецот е предводен од планетата Јупитер која внесува среќа во стрелецот. Влијанието од Венера создава кај бикот љубов кон убавината, луксузот и сладострасни телесни задоволства. Јупитер пак создава оптимистички дух, филозофски начин на размислување и голема желба за патување кај стрелецот, кој е секогаш подготвен за учење нови работи со кои ќе го развие својот ум и интелигенција. Комбинацијата од убавина, развој, мажествена и женствена енергија е причината зошто овие два знака меѓусебно се обожаваат и почитуваат.

На стрелецот му е потребен простор за да може да живее во својот полн сјај, а бикот од друга страна е во потрага по стабилност. Стрелецот се потпира на своите чувства и инстинкти, кои го водат низ животот, додека бикот е практичар кој е загрижен за ефикасноста на работите. Овие нивни различни погледи кон животот можат да одат или во прилог на нивната врска, или да претставуваат причина за стресни расправии, доколку двата знака не успеат меѓусебно да се разберат и прифатат онакви какви што се. Сè додека и двајцта партнери се обидуваат да го уверат својот љубовник дека нивната врска е специјална и важна (на бикот особено му е потребен тој доказ), работите помеѓу нив ќе бидат „мазни“.

Бикот е тврдоглав. Кога тој еднаш ќе донесе некаква одлука или заклучок, потребен е многу голем напор за да го промените неговото мислење. Стрелецот има потреба од  разновидност во животот. Ако тој негов нагон за искусување нови работи, се претвори во желба за експериментирање со нови партнери, ќе мора да биде внимателен. Бикот не толерира неверство и доколку такво нешто се случи, тој ќе биде длабоко повреден и нивната врска најверојатно нема да успее. За да не се случи такво нешто, бикот пак од своја страна ќе мора да му ја даде неопходната слобода на стрелецот, да ужива во различните искуства и запознавањето нови луѓе, се разбира само на едно платонско ниво.

Бикот може да му ја покаже на стрелецот убавината во удобната и стабилна љубов, а стрелецот може да го научи бикот дека флексибилноста понекогаш е подобар избор отколку следењето крут, однапред определен правец на однесување. Најдобриот аспект од љубовната комбинација стрелец – бик, е можноста на партнерите за откривање нови начини на доживување на светот околу нив, како резултат на нивните сосема различни карактери. Тие ќе имаат среќна и стабилна љубовна врска, ако научат да го прифатат својот партнер онаков каков што природата го создала.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. caci Reply

    tocnoooooo

  2. Stefanija ^.^ Reply

    стрелец-вага

  3. lubisa Reply

    mozebi

  4. ljilja Reply

    sovrseno tocno

  5. tea Reply

    jaka kombinacija megu strelec i bik :)) <3

  6. maja Reply

    tocno e ova 😀

  7. lejla Reply

    strelac musko
    bik zensko
    bik zna da prevara,,,ustvari bikica vara svog partnera,
    poznajem vise paravo strelac musko-bik zensko
    u dva slucajeva bikica vara svog partnera (strelca)
    pa ne samnom sigurno!

Остави коментар