Стилот на извинување на хороскопските знаци
Некои тоа го прават искрено и од срце и навистина се каат, а некои се вистински мајстори на извинувањето и шармери кога треба да се извлечат од некоја незгодна ситуација. Погледнете како се извинуваат претставниците на хороскопските знаци.
Овен
Тој – За овие мажи не претставува никаков проблем да ви се извинат, исто како што не им е проблем да ве навредат и да ве извадат од такт бидејќи тие се такви, лесно ќе ве налутат, но уште полесно ќе ви се извинат и ќе ви ветат дека тоа повеќе никогаш нема да се повтори. Се разбира ништо од ветувањето. Лесно му „паѓа мрак на очи“, особено ако тој не е на прво место на вашите приоритети, па многу не размислува пред да избувне и ве навреди, но потоа брзо и ќе се покае. Тој верува дека неговото извинување е доволно за вас, без цвеќе или подарок, бидејќи тој ќе се понуди себеси како најголем израз на каење.
Таа – Ќе ви се извини веднаш штом ќе сфати дека избувнала и ве навредила и тоа без некоја особена причина, туку само затоа што сте биле најблизу. Впрочем нејзиното мото е дека тој што се кара, тој и се сака. Покорно ќе стои пред вас и ќе гледа надолу, а во следниот момент ќе ви упати значаен поглед што ќе претставува повик за интимно смирување. Тоа и е најинтересно, но бидете внимателни, бидејќи ако нејзиното извинување не биде прифатено во истиот момент, таа може да пламне и да се налути и сè така во круг.
Бик
Тој – Тешко може да се налути, но исто така тешко му паѓа и да се извини. Зарем тој што е секогаш во право и при тоа толку толерантен и стрплив, воопшто може да ве изнервира? И тоа токму вас, на личноста на која ù ги обезбедил повеќето работи за кои другите жени можат само да сонуваат! Баш поради тоа што неговиот збор мора да биде последен, на мажот во знакот бик тешко му е да разбере дека проблемот и причината за вашиот бес е баш во тоа. Доколку сфати, ќе се потруди да го материјализира своето извинување преку бакнежи, прегратки, вкусни залчиња со кои ќе ве храни и се разбира пари.
Таа – И покрај тоа што е практична и отворена, а нештата ги кажува со вистинското име, жената бик нема да ви признае дека ù пречи тоа што нејзината комшика има побогат маж, поубава куќа или поскап автомобил. Кога ќе ви дојде преку глава од таа нејзина особина, таа само ќе ги спушти рамената и ќе ве погледне со своите крупни топли очи, нудејќи ве со свежо испечени колачи. Ќе ве толерира вас и вашите ноќни проводи, но никогаш нема да ви ја прости неспособноста да заработите доволно пари.
Близнаци
Тоj – Машкиот претставник на знакот близнаци е вистински мајстор на толеранција од кого многу мажи би требало да ја учат уметноста на извинување. Тој со леснотија и шарм ќе клекне пред вас (ако е потребно), ќе ги склопи рацете и ќе ве замоли да му простите. Откако направил глупост, бидејќи не се појавил во договореното време таму каде што требало да се најдете, тој секогаш знае како да се извлече, а притоа вие да не се посомневате во вистинитоста на неговите зборови. Потоа со особена ноншалантност ќе премине на друга тема и полека ќе ве заинтересира за одење на излет или на ручек во ресторан, така што вие ќе се прашувате дали воопшто сте биле лути на таа личност.
Таа – Сигурно нешто сте се збуниле ако очекувате извинување од жената близнак поради нејзината иницијатива да организира заеднички одмор сама и без консултација со вас. Таа веќе смислила и решила начин како да се отплати заедничкиот годишен одмор, го однела автомобилот на мајстор, извадила меѓународна возачка дозвола, купила храна и точно знае каде ќе одите и низ кои градови ќе поминете. Вие се лутите бидејќи ништо не ве прашала, но не грижете се, таа ќе ви се извини на автопатот, а вие ќе ù простите кога ќе видите дека нејзиниот избор како и обично е фантастичен.
Рак
Тој – Бидејќи сè го погодува, од облачното небо, па сè до сомнежот што го почувствувал во вашиот поглед упатен кон него, тој е подложен на секојдневни промени на сопственото расположение. На тој начин лесно ве доведува во состојба на непријатност, збунетост или бес. Неговиот инает сепак може да направи нешто невозможно, па сакале вие или не, веќе изморени од неговата упорност, ќе го прифатите неговото извинување поради неговото детско однесување.
Таа – Бидејќи веќе е во контакт со целото ваше семејство, дури и со оние роднини со кои со години не сте се виделе ниту чуле, таа лесно ќе ве доведе во ситуација да ù се налутите. Бидејќи располага со информации (претежно засновани на озборувања) за вашите роднини, некому веќе мора да му замерила, а додека вие сфатите што се случува штетата веќе е направена. Таа и понатаму ќе инсистира на тоа да ве убеди дека не е во ред да им верувате повеќе на другите отколку нејзе.
Лав
Тој – Колку и да изгледа самоуверено, мажот во знакот лав ќе ја наведне главата кога ќе сфати дека погрешил, па ве налутил или навредил. Се разбира, во четири очи. Тој не сака ни да чуе за тоа дека било кога ве повредил, бидејќи се знае дека тој е вашиот џентлмен, витез, принцот на бел коњ… Поради тоа вам не ви паѓа тешко улогата на „робинка“ во куќата, сè додека мажот лав не почне јавно да ја покажува својата улога на господар. И покрај тоа што тешко ќе го поднесе тоа што ќе го дочекате во неговата омилена фотелја, тој сепак ќе употреби цел арсенал од ласкави зборови и искрени извинувања додека да попуштите.
Таа – И кога нема доволно, бидете сигурни дека покрај жената лав нема да ви недостасува ништо, но кога ќе ù тргне на подобро таа ќе ве постави на пиедестал на кој ќе имате осигурено место во нејзиниот живот и во нејзиното срце. Бидејќи очекува постојано внимание и восхит кој го чувате само за неа (обидувајќи се да ви даде до знаење дека таа не е кој било), често пати ќе се чувствувате како нејзин поданик. Штом забележи дека тоа ви пречи, лавицата ќе се претвори во умилно маче и вие повторно ќе ја галите слушајќи ја како преде на вашето рамо.
Девица
Тој – Со шармантна насмевка на вечно дете и ширум отворени љубопитни очи, мажот со хороскопски знак девица, искрено и без заобиколување, но логично ќе ви ја објасни причината поради која сте се налутиле на него. Ќе ви раскаже дека бил на состанок од кој скоро да зависела судбината на фирмата. Ќе ви признае дека сте потполно во право што се лутите и дека ќе ви надомести за тоа, но прво мора да се јави на мобилниот телефон кој непрекинато ѕвони. После тоа ќе се врти околу вас исполнувајќи ги сите ваши желби и потреби до таа мерка што ќе сфатите дека повеќе немате срце да му се лутите.
Таа – Поради вродената пожртвуваност и несебична природа, таа си префрла себеси доколку дозволи личноста која ù е важна да се налути на неа. Жената девица, помалку навредена ќе ви се извини и пред да помислите да се налутите на неа, а потоа ќе пристапи кон анализа на сите детали на сопствената „вина“. Вам бесот многу бргу ќе ви помине, бидејќи не би можеле уште еднаш да го слушнете деталното образложување на фактите поради кои воопшто сте си дозволиле да ù се налутите. А нејзините побуди впрочем биле крајно добронамерни, се разбира.
Вага
Тој – Бил на фризер, а вие правите толкава бука околу тоа што задоцнил. Потоа наминал во парфимерија да си купи пена за бричење, а од таму излегол со најновиот парфем за вас во знак на извинување. Ќе ве моли да му простите и притоа ќе ве гледа со оној познат поглед на адолесцент на кој сè му е дозволено. Вам единствено ви преостанува вашиот партнер во знак вага да го фатите за уво, да го однесете дома и да му ја објасните предноста на јавувањето по телефон кога повторно ќе доцни (што е сосема веројатно).
Таа – Сосема е свесна дека не ви се јавила кога требало или дека не се појавила таму каде што сте се договориле уште пред неколку дена, но знаете ли вие воопшто колку договори таа сменила во меѓувреме? Ако успеете да ù ги „фатите конците“ во нејзината вечна промена, одложување или откажување на планови, ќе можете да ставите крај на тоа. Тоа ќе ви успее само под услов да останете нечувствителни на нејзиниот шарм и поглед кој како да зборува дека вие сте последната личност кон која таа би се однесувала така. Потоа, откако како мало дете ќе ви вети дека во иднина ќе биде добра, ќе измами насмевка на вашето лице.
Скорпија
Тој – Ако мажот во знакот скорпија е заљубен, тој длабоко пати кога знае дека ве навредил, налутил или повредил на кој било начин. И тогаш вештиот и недофатлив заводник кој жените ги освојува со неверојатна леснотија, можете да го вртите околу малиот прст. Но сепак, колку што е вешт на дела, толку е вешт и на зборови, па тој на сите можни начини ќе се потруди да ве убеди да не се лутите и да го прифатите неговото извинување. Тогаш тој нема да жали ни пари, ни време, ни нерви за да ја постигне својата цел, бидејќи сè може да држи под контрола, па дури и вашиот бес.
Таа – Ако дошла работата дотаму да се налутите на жена скорпија, тогаш мора да е нешто сериозно во прашање. А можеби е повторно старата приказна за вашата плата или вашата неспособност да заработите онолку колку што по нејзино мислење вредите. Поточно целата приказна се врти околу парите. Ако ве сака, таа штом ќе забележи дека ве повредила ќе ви се извини во кревет. Доколку пак нејзиниот интерес за вас ослабел и веќе фрлила око на друг, жената скорпија не смета дека поради тоа таа треба да ви се извини вам, туку вие нејзе.
Стрелец
Тој – И кога најмногу ќе ве налути и ќе ве доведе до точка на вриење, мажот стрелец умее да ви се извини на најшармантен начин. Па барем во тоа има искуство со жените кои ги оставал на цедило или ги наградувал доколку барем еднаш му ја покажале својата наклоност. Па се знае како одат работите и покрај тоа што тој никому нема да му каже, но сепак на сите ќе им биде јасно дека освоил уште едно срце. Па веројатно нема да се лутите поради тоа? Треба да му бидете благодарни што воопшто сте го привлекле неговото внимание, како сирена во морето полно со риби.
Таа – И кога се извинува, вие имате впечаток дека ви држи предавање или курс за добро однесување. Жената стрелец потајно се надева дека вие конечно ќе разберете дека сè што таа прави е за ваше добро. Ќе ù раскажете сè за вашите претходни љубовни врски и дека тие всушност не ви значеле нешто особено во споредба со оваа со нејзе, а потоа ќе се разбесните што ù се правдате како учениче што задоцнило на писмена работа во училиште. Нејзиниот поглед полн со разбирање, ќе ви се чини како да ви вели дека штом ќе престанете да се лутите, ќе продолжите таму каде што сте застанале.
Јарец
Тој – Штом забележи дека барем малку ве повредил или налутил, бидете сигурни дека мажот јарец веќе си замерува себеси што си го дозволил тоа. Под неговата надворешност на маж задлабочен во работата и задоволството што таа му го носи, се крие неговата пречувствителна душа. Можеби ве занемарил поради обврските или ветувањето што му го дал на некој друг што му значи многу помалку од вас, но тој ни тогаш нема никого да изневери. Тој ќе ве поведе вас на деловниот состанок, а тоа за него е повеќе од извинување.
Таа – Ако мислите дека кај неа ќе се провлечете лесно, гадно сте се излажале. Жената јарец постојано ќе ви задава нови задачи и препреки за да ù ја докажете својата верност, љубов и посветеност, исто како и таа вам. Бидејќи таа ве избрала вас, вие тоа треба да го цените, а доколку знаете да цените тоа треба и да го докажете. Кога вам ќе ви се смачи од сè и ќе ви пукне филмот, тогаш жената јарец ќе ви признае дека можеби малку претерала, но и дека вие сте победиле на нејзиниот испит на лојалност.
Водолија
Тој – Тој е уште еден мајстор за извинување. Не постои ниедна толку заплеткана ситуација од која тој нема да се извлече и покрај тоа што е крив. Ви ги сменил плановите, не се појавил каде што сте се договориле, недостапен е на телефон, а вие би го оставиле само да можете. Но како да го направите тоа кога не знаете ни каде е во моментот!? Додека во вас бесот расте и достигнува точка на кулминација, тој ненадејно ќе се појави на вашата врата по малку збунет, криејќи букет цвеќе во едната рака, додека со другата ќе ве фати околу половината и ќе се потруди да ја стопи коцката мраз во која сте се претвориле чекајќи го.
Таа – Зошто таа воопшто вам да ви се извинува кога е свесна дека вие нејзе ја обожувате или едноставно не можете без неа. А бидејќи вие не можете без неа, тогаш жената водолија вообичаено ќе се води од своите желби и потреби, што впрочем ќе биде основна причина за вашето негодување и бес. Таа одлично се снаоѓа во релациите со спротивниот пол, па умее да ви сервира таква форма на извинување која ќе ве допре и разнежни. Според тоа, жената водолија ви прави што сака дури и кога се извинува.
Риби
Тој – Како воопшто можете да помислите дека би му паднало на памет да ви се налути, кога тој постои само за да ги исполнува вашите желби. Штом ќе почувствува дека се сомневате во искреноста на неговите повеќе или помалку вешти оправдувања и се лутите, мажот во знакот риби почнува да отстапува барајќи излез. Скоро секогаш успева и да го најде, па неговото извинување добива призвук на драматичност и патење: дури и кога би посакал да ве изневери, прашање е која е таа што би го погледнала него кога на челото му пишува дека тој ве сака само вас, верувале вие или не…
Таа – Со мистериозен поглед и таинствена насмевка, таа мирно ќе ве слуша додека безуспешно се обидувате да ја прикриете својата љубомора. Потоа со молчење ќе ви пријде и нежно ќе ве прегрне и бакне. Ќе продолжи така сè додека не престанете да разликувате што е јаве, а што сон, ниту дали поради нејзе сте биле лути или тажни, но едно е сигурно, дека повторно по којзнае кој пат ù успеало да ве расположи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
bliznaci …taa hahah tocno …ja praam sho sakam a ti luti se kolku sakas…izvinuvanje sanjaj =]
Делот за машките риби е сосема во право, јас сум тој знак па тврдам со сигурност.
lele kolku e tocno hoho 😀
100 % tocno za skorpija 😀
Не се пронајдов во ракот, но за машките девици многу е точно. 🙂
Тоа за женските ракови воопшто не е точно .. или барем јас не се пронајдов. 🙂