Старословенски хороскоп: Кој е вашиот цвет? - Part 3

Старословенски хороскоп: Кој е вашиот цвет?

3-Staroslovenski-horoskop-koj-e-vashiot-cvet-www.kafepauza.mk_

Каранфил (3-11 септември)

Не е лесно да се најде личност како вас – смели и со јасни цели и мотиви. Ги штитите послабите од себе и да се жртвувате поради другите. Знаете да бидете тврдоглави и кога не сте во право. Имате многу силен карактер кој привлекува други луѓе околу вас.

Убава Ката (12-22 септември)

Дури и кога се чувствувате најлошо и сте на дното, вие пак успевате да останете насмеани. Носите радост во околината и ве ценат поради тоа. Вие сте ведра личност чиј оптимизам ги заразува и другите.

Планинска чубрица (23 септември-3 октомври)

Познати сте по добрите манири и префинетиот вкус. Имате многу широки познавања од многу области и сте посветен работник. Добро се познавате себе си и вашите силни страни, Добар пријател сте за оние на кои им е дојдено до вас. Издржливи сте и толернатни.

Камелија (4-13 октомври)

Зад вашата отмена и префинета појава се крие цврст карактер, а кога сакате можете да бидете многу тврдоглави. За жените родени во овој знак се вели дека се одлучни како мажите. Имате склоност кон уметноста и мечтаењето.

Јоргован (14-23 октомври)

Јоргованот е симбол на свежината, невиноста и младешкиот дух. Поради тоа многу луѓе ви завидуваат на карактерот и виталноста. Доколку имате љубоморни соперници, најдобро е да ги игнорирате. Имате атрактивен изглед, пристојно однесување и сакате да им помагате на другите. Сакате и да приговарате, со што знаете да ги налутите блиските.

Фрезија (24 октомври-2 ноември)

Вие сте бестрашни, упорни и многу тврдоглави, дури до мера некому да нанесете болка. И покај тоа, вас околината и понатаму ве сака и тоа посебно на работа. Тоа успевате да го искористите во ваша корист, главно за подобрување на сопствената личност.

Орхидеја (3-12 ноември)

Вие сте таинствена личност, па на луѓето им се чини дека летате во облаци и не ве разбираат. Би требало повеќе да се движите помеѓу луѓе за да ги развиете своите потенцијали. Сомничави сте, а тоа може да ве доведе во непријатна ситуација со колегите и соработниците. Најчесто немате проблем во совладувањето на проблемите. Вие сте и одлични љубовници.

Божур (13-22 ноември)

Вие не морате премногу да се грижите за здравјето затоа што не можат да ви наштетат некои надворешни влијанија. Морате да поработите на самоконтролата, особено кога станува збор за личните планови. Имате изразена интуиција.

Гладиола (23 ноември-2 декември)

Не можете да се пофалите со бројни таленти, но затоа сте многу внимателни и одговорни во што и да работите. Можете многу да постигнете под водство на добар водач, но колкав и да биде успехот вие пак ќе ја задржите својата скромна природа. Луѓето ве почитуваат и ви веруваат. Како последица на тоа има многумина што ви ги доверуваат своите проблеми и тајни.

Глуварче (3-12 декември)

Ви годи вниманието и умеете да бидете доста екстравагантни. Колку повеќе сте во јавност, толку поголеми шанси за успех имате. Многу сте добри во извршувањето на задачите. Сакате природа и топол амбиент.

Лотус (13-22 декември)

Лотусот е симбол на чистотата. Вашиот специфичен начин на размислување ви овозможува да постигнете многу нешта. Треба да поработите на флексибилноста во односите со блиските. Често пати сте полни со идеи кои никогаш не се ни бидувате да ги остварите.

Рунолист (23-31 декември)

Личностите родени во Рунолист се добри пријатели. Вие сте многу одговорна личност. Мирни сте, тактични и имате сè под контрола. На професионален план ќе напредувате доста доцна во животот, веројатно дури во втората половина. Иако сте смирени, кога сте испровоцирани знаете да покажете и поинакво лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар