Старословенски хороскоп: Кој е вашиот цвет?
Момина солза (1-10 мај)
Вие сте искрена душа со добро срце која често страда поради злобата околу себе. Жената Момина солза мора да има заштитник во животот, некој кој ќе ја брани од сè. Имате среќа на професионален план, но прекумерната амбиција може да ве одведе и до самоуништување.
Пркос (11-21 мај)
Вие сте деструктивна и борбена личност која секогаш очекува разочарување, дури и од најсаканите. Тешко се согласувате со луѓето околу вас, било да се работи за приватниот или професионалниот живот. Оние кои сепак ќе најдат заеднички јазик со вас можат во потполност да сметаат на вашата поддршка затоа што длабоко во себе сте многу грижливи. Сепак, поради својата посебност најголемиот непријател кој го имате понекогаш сте самите вие.
Камилица (22-31 мај)
Тешко е човек да сфати дали сте вљубени или само се преправате. Многу сте привлечни, но истовремено знаете да бидете и дволични и бесчувствителни. Во состојба сте да жртвувате долгогодишна работа поради некоја мала корист. Никогаш не се знае како ќе реагирате.
Ѕвонче (1-11 јуни)
Многу сте конзервативни. Често пати и најмала промена може да ве извади од колосек. Најдобро се чувствувате дома со семејството, од каде што црпите најмногу енергија. Возовите ги сакате повеќе од авионите.
Бела рада (12-21 јуни)
Не може да се каже дека сте посебно храбра или романтична личност. Знаете да бидете срамежливи, тивки и внимателни. Не сакате да бидете во центарот на вниманието. Сепак, добро знаете што сакате од животот и како да го остварите тоа. Затоа имате и добри резултати.
Лале (22 јуни-1 јули)
Вие сте енергична и самоуверена личност на која оние од спротивниот пол ѝ јадат од рака. Жените родени во овој знак се многу енергични и посесивни личности кои имаат високо мислење за себе, а мажите имаат манири кои од нив прават големи заводници. Доволно е да дадете знак со раката за сите да ви се тргнат од патот. Тешко е да ве натераат да ги признаете грешките, колку и да не сте во право.
Воден крин (2-12 јули)
Вие сте личност која е отворена за другите, сестрана и добронамерна. Со оглед на тоа што лотосот е цвет кој во себе содржи елементи на воздух, вода и земја, вие сте личност со многу квалитети. Лесно се приспособувате на околината и лесно ги совладувате пречките. Зрачите со животна радост која им ја пренесувате на другите.
Љубичица (13-23 јули)
Секогаш привлекувате внимание. Често се држите настрана и го чекате вистинскиот момент. Кога тој ќе дојде, ја покажувате сета своја величественост и го барате она што е ваше. Го добивате она што о сакате.
Шипка (24 јули-2 август)
Како што шипката има остри трње за одбрана, така вие ги имате острите зборови. Изгледате опасно на прв поглед, но оние кои добро ве познаваат знаат дека се работи за одбранбен механизам. На луѓето им треба време да ве сфатат.
Сончоглед (3-12 август)
Вие сте свесни за својата вредност. Конфликтите не ве исфрлаат од колосек, а успехот не ве заслепува. Уживате во својата моќ додека трае некој успех. Незапирливи сте и секогаш одите напред, и покрај тоа што понекогаш сте недоследни во своите постапки.
Роза (13-23 август)
Вие сте крал/кралица. Многумина околу вас ви завидуваат, па затоа околу вас има многу интриги. Сепак, вие останувате недопирливи. Имате доста цврст карактер кој може да ви донесе проблеми во љубовта. Внимавајте на своето здравје, особено кога се работи за исцрпеноста.
Делфиниум (24 август-2 септември)
Можете да живеете сами и не ви е неопходно да основате семејство. Многу сте посветени на работата. Задачите ги исполнувате пред зададените рокови, па затоа имате и големи очекувања од колегите на работа. Истото важи и за пријателите. Поради тоа често сметате дека вие сте жртвениот јарец кој страда поради туѓите грешки. Мора да научите да се справувате со туѓите обвинувања. Имате и одлично паметење.