Старословенски хороскоп: Кој е вашиот цвет?
Во старословенскиот хороскоп секој месец е поделен на три дела по приближно десет дена и секој од нив има свој цвет како знак. Дознајте кој е вашиот цвет според еден од повеќето хороскопи на нашите предци и што тоа зборува за вашиот карактер.
Жолт нарцис (1-10 јануари)
Овој цвет е симбол на летото, топлината и отвореноста. И покрај впечатокот дека сте срамежлива личност, вие всушност имате многу храбар пристап кон животот. За вас зборуваат делата, а не зборовите, и секогаш сте упорни во остварувањето на своите амбиции. Наједноставното објаснување на работите го сметате за најдобро. Иако сте родени во сред зима, треба да ја избегнувате студената клима.
Чичка (11-20 јануари)
Често на себе преземате повеќе обврски отколку што можете да исполните, па затоа околината не може секогаш објективно да ги согледа вашите квалитети. Тоа прави да копнеете по туѓото внимание. Семејството може да се потпре на вас и сте многу добар пријател. Имате високоразвиено чувство за работна етика, но прекумерната работа може да ви донесе и проблеми со здравјето.
Смил (21-31 јануари)
Скромни сте, но и покрај тоа сте опседнати со следењето на последните модни трендови. Поради тоа може да станете жртва на озборување и завист. Сепак, вие лесно излегувате на крај со тешки ситуации и не ви е тешко да се справите со „злите јазици“.
Имела (1-10 февруари)
Многу сте љубопитни и подложни на влијание од околината. Не се плашите од ризик, па затоа жените Имели можат лесно да го освојат и најтешко достапниот маж. Машките Имели се познати по својата убавина и жените се луди по нив. Бавете се со спорт, затоа што тоа ќе ви помогне да ја задржите одличната физичка и психичка кондиција.
Олеандер (11-19 февруари)
Жените Олеандри се познати како скромни убавици. Даваат впечаток дека им е потребна заштита, а всушност можат да пружат голем отпор. Вие сте вредна и издржлива личност со голема внатрешна сила. Вашето мото е „Што ќе сееш, тоа ќе жнееш“.
Мимоза (20-29 февруари)
Вие сте чувствителни како мимоза. Многу страдате по неуспесите во животот и потребни ви се признанијата и пофалбите од другите. Вредно работите за себе, а неретко сте спремни и за жртва во име на доброто на некој друг. Луѓето сакаат да ви се обраќаат за помош затоа што знаат дека нема да ги оставите на цедило. Склони сте кон срцеви удари и чир на желудникот.
Булка (1-10 март)
Никој не може да се одбрани од вашиот шарм и убавина, а кога некој ќе се најде во вашите прегратки, не може да побегне. Сепак, животот не ви е лесен. Трновит е, но вие успевате да ги пребродите пречките на патот. Најважно е да верувате во себе и своите способности, затоа што само тоа ќе ве одведе до успех.
Лилјан (11-20 март)
Вие имате суптилен шарм и префинета чувствителност. Негативни особини ви се превртливоста, таинственоста и непредвидливоста, поради што може да ги збуните луѓето околу себе. Спремни сте да ги остварите целите без оглед на препреките, поради што другите често ви завидуваат.
Напрсток (21-31 март)
Вашиот мозок работи со голема прецизност и можете да решите секаков проблем. Секогаш можете да ги предвидите работите однапред, така што вас никој не може да ве фати неспремни. Склони сте на големи главоболки, така што со тек на време овие ваши способности можат да ослабнат.
Магнолија (1-10 април)
Вие силно мечтаете за големи животни победи, а тоа е вашата најсилна страна. Затоа сте навикнати да бидете први во сè. Го цените туѓото мислење, но на крај правите онака како што вие сметате дека треба да направите. Сепак, вашиот социјален статус понекогаш е во опасност поради ненаклонетоста кон туѓите совети.
Хортензија (11-20 април)
Вие сте дружељубива, чувствителна и великодушна личност полна со оптимизам. Мана ви е тоа што многу сакате да трошите пари, а со тоа ги иритирате оние околу вас. Постојано славите нешто, подарувате и ги честите сите. Но, ретко се жртвувате поради некој друг.
Далија (21-30 април)
Во секоја ситуација ја барате златната средина. Ве следи среќа во животот и повеќето работи со кои ќе се зафатите ги завршувате успешно. Недостаток ви е тоа што имате превисоко мислење за себе, поради што понекогаш не можете да ја согледате ситуацијата објективно. Немојте работите да ги препуштате на судбината, ниту на професионален ниту на приватен план.