Со кои хороскопски знаци најлошо се согласуваме во љубовта?

Со кои хороскопски знаци најлошо се согласуваме во љубовта?

Сте запознале ново момче или девојка и ви изгледа како тие да се од вашите соништа? Пред да почнете сериозно да размислувате за врска, можеби би требало да проверите што велат ѕвездите за вашата комбинација бидејќи изгледа постојат знаци кои едноставно не се поднесуваат. Откријте кои знаци не се компатибилни, но притоа имајте на ум дека станува збор само за астролошки претпоставки, не и за цврсти факти…

Со кои хороскопски знаци најлошо се согласуваме во љубовта?

Овен

Најлоша љубовна комбинација: Рак и Јарец

Овенот е екстровертен знак кој е многу енергичен. Бидејќи неговиот елемент е оган, тој има огнен карактер. Токму затоа и воопшто не изненадува фактот дека најмалку се согласува со конзервативните и интровертни знаци како Ракот и Јарецот.

Бик

Најлоша љубовна комбинација: Лав и Водолија

Бикот е традиционален и цврсто стои на земја (им припаѓа на земјените знаци), додека пак, Лавот и Водолијата се исклучително слободоумни луѓе кои, за разлика од Бикот, не им значат многу  конформизмот и животниот ред и правила.

Близнаци

Најлоша љубовна комбинација: Девица и Риби

Близнаците се непостојан знак кои обожаваат промени и возбудувања, додека Девицата и Рибите се целосна спротивност. Тие обожаваат ред, сигурност и мирен живот. И покрај тоа што Близнаците можат да бидат привлечени од остроумноста на Девицата и фантазијата на Рибите, на долг рок оваа комбинација ретко успева.

Рак

Најлоша љубовна комбинација: Овен и Вага

Ракот бара стабилност, но во врската со Овен или Вага никогаш нема да ја добие. Овенот е темпераментен и нема сила која може да го сопре, додека пак Вагата постојано бара разновидност во врската. Од друга страна, на Ракот му се важни практичноста и стабилноста, па токму затоа покрај овие луѓе не би се чувствувал пријатно.

Лав

Најлоша љубовна комбинација: Бик и Скорпија

Лавот и Бикот не се согласуваат бидејќи и двајцата се многу тврдоглави и навикнати да го добиваат она кое го сакаат. Скорпијата пак има многу силна волја поради која исто така би дошло до судир со Лавот. Овие два знака не одговараат бидејќи се премногу слични.

Девица

Најлоша љубовна комбинација: Близнаци и Стрелец

Во врска со Близнаците, Девицата често ќе се чувствува фрустрирана. Близнаците размислуваат за поголемата слика, додека Девицата повеќе е заинтересирана за специфичните детали. Истото се случува и за комбинацијата со Стрелците.

Вага

Најлоша љубовна комбинација: Рак и Јарец

На Вагата која обожава да се дружи не ѝ одговара рутината и куќниот живот на Ракот. Од друга страна, упорните Јарци можат да бидат премногу напорни за Вагата, па токму затоа и не би можеле да ја направат среќна и стабилна.

Скорпија

Најлоша љубовна комбинација: Лав и Водолија

На почетокот од врската Лавот можеби би ѝ делувал како сродна душа на Скорпијата, бидејќи и двата знака се многу силни, но токму поради тоа понатаму ќе имаат потешкотии да функционираат заедно. Со Водолијата во врската би имало многу голема тврдоглавост на едно место, што повторно ќе биде причина за несогласувања.

Стрелец

Најлоша љубовна комбинација: Девица и Риби

Стрелецот би можел да пронајде заеднички точки со Девицата и Рибите, особено со Рибите бидејќи нив ги карактеризира фантазијата што одлично одговара на неговите идеалистичките погледи. Но, ако се стави сè на едно место, тие едноставно не си одговараат. Додека Стрелецот на сè пристапува со ентузијазам и обожава да пробува нови нешта, Рибите се често неодлучни, па токму тука и ќе почнат да настануваат проблемите.

Јарец

Најлоша љубовна комбинација: Овен и Вага

Јарецот сака сè да прави смирено и промислено, додека Овенот е импулсивен и носи одлуки на брзина, без многу претходно размислување. Од друга страна пак, над Вагата Јарецот никогаш нема да може има контрола, а тоа е нешто кое му е навистина важно во врската.

Водолија

Најлоша љубовна комбинација: Бик и Скорпија

Слободоумната Водолија ќе ја фрустрираат крутите ставови на Бикот. Од друга страна, таа и Скорпијата имаат многу силно сопствено мислење за сè, па токму затоа и двата знака ќе сакаат постојано да бидат во право.

Риби

Најлоша љубовна комбинација: Близнаци и Стрелец

Рибите тешко можат да го разберат текот на мислите на Близнаците бидејќи тие често се потпираат на невербалните знаци додека говорат. Стрелецот има силен ентузијазам, енергичност и потреба постојано да прави и пробува нешто, па токму тоа ќе ја избезуми мирната Риба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар