Следуваат големи промени за сите хороскопски знаци: Што носи полната месечина во Овен?
Во недела, на 13-ти октомври, се појавува полната месечина во Овен, која со себе носи големи промени за сите знаци во Зодијакот. Нè очекуваат големи предизвици и животни пресврти, кои ќе влијаат на иднината. Полната месечина во Овен вртоглаво ќе ни влијае на полето на кариерата, но и на љубовта. Турбулентниот период ќе ни донесе сè за што долго сме мечтаеле, но и сè од што сме се плашеле, па така ќе се соочиме со потајните желби, амбиции, успеси и неуспеси.
Полната месечина во Овен носи огромни животни вистини во овој период. Промените што ќе стапат на сила ќе бидат големи и многу хороскопски знаци ќе се најдат во неизбежна ситуација да го направат вистинскиот чекор што ќе биде важен за остатокот од годината. Оваа фаза носи пресврти, кои на крајот ќе имаат позитивен успех, но и кои ќе изгледаат тешко и турбулентно.
Полната месечина со себе носи и период во кој се носат важни одлуки. За Овните важи дека се стабилни, брзо одлучуваат и реагираат, сигурни се во себе и често се оние личности кои прво прават нешто, а потоа застануваат да размислат. Исто така, бурно реагираат и кога нешто ќе си замислат, па нема што може да ги сопре. Многу од знаците во Зодијакот ќе се најдат во ситуација каде што ќе мора да одлучат за големи нешта како селење, бирање помеѓу двајца партнери или менување на работата. Предизвиците во овој период се многу важни за иднината, но колку драстично и да изгледаат, на крај сè ќе заврши како што треба.
Овните ги карактеризира и тоа што секогаш трагаат по вистината и вистинските одговори, па затоа и овој период ќе ни донесе умствена јасност што ќе ни помогне да ги исфрлиме сите сомнежи. Нема да има време за одложување на обврските, за избегнување на одговорите… сè што се случува се случува тука и веднаш!
Полната месечина во Овен сега е во комбинација со Плутон, кој носи големи промени во расположението. Многу знаци ќе се чувствуваат немоќно пред промените што доаѓаат, но набрзо ќе почувствуваат и нова енергија. Важно е да се фокусираат на тоа што е најдобро, со цел да не ги преовладаат негативните мисли.
Кога станува збор за љубовта, овој период е идеален за решавање стари проблеми. Паровите кои имале несреќни караници, сега јасно ќе ги видат сите предности и маани на својот однос. Погодното време за љубовните односи ќе трае до 27 октомври и до тогаш треба да се покажат емоциите и страстите што биле скриени.
Полната месечина во октомври носи и промени на полето на финансиите и работата. Сега е вистинскиот момент за бирање кариера, за напредување и пренасочување. Знаците од Зодијакот ќе се соочат со своите желби, па затоа и има шанса да ја напуштат сегашната работа и да почнат со нова. Овој период, исто така е и погоден момент за основање сопствен бизнис.
Полната месечина во Овен ќе ве поттикне да реагирате и да одлучите. Можеби сè ова ќе ви изгледа брзо и како да не сте спремни, но токму во овој месец, сè што одамна сте посакувале потајно, едноставно се остварува.
Дознајте и за кои три хороскопски знаци октомври ќе биде најдобриот месец годинава.