Скорпија и водолија – пријателска комбинација

Скорпија и водолија – пријателска комбинација

Во пријателството помеѓу скорпија и водолија постои одредена доза на тензија, но можеби токму затоа двајцата уживаат во него. Водолијата е крајно непредвидлива личност, а таквиот карактер претставува на некој начин, предизвик за родениот психолог каков што е скорпијата. Водолијата изгледа како да нема никаква причина или цел зошто се однесува така, но токму затоа скорпијата толку многу ù се восхитува. Оригиналниот начин на размислување кој го има водолијата, претставува вистинско освежување за скорпијата, која секогаш е во потрага по запознавање уникатни луѓе, кои имаат сопствено „јас“ и не потклекнуваат на стереотипно однесување.

Скорпија и водолија – пријателска комбинацијаОд друга страна, мистериозноста на скорпијата постојано ќе ја тера водолијата да размислува за нејзините мотиви и чувства, што за неа претставува освежувачка промена во овој век на информации, кога сите знаат сè. На ист начин, скорпијата обожава да ја „одгатнува“ водолијата бидејќи таа е навистина комплицирана сложувалка. Контрадикторноста на водолијата е неизмерен извор на фасцинација за скорпијата и ја буди нејзината детективска природа.

Водолиите се личности со широк дијапазон на интереси, но се навистина лојални пријатели, а ако ја прашате скорпијата, тоа е сè што е потребно за едно вистинско другарство. Водолијата не е имуна на шармот кој го поседува скорпијата и се вчудовидува од нејзината способност да ги забележи битните детали кои се закопани длабоко под површината.

Овие двајца пријатели се непоправливо тврдоглави, што од своја страна може да доведе до парализирање на нивното другарство на извесен временски период, а таквиот застој ќе им создава фрустрација на обајцата. Но, ако скорпијата може да ù ја опрости расеаноста на водолијата и таа ќе може да замижи кога ќе ја забележи љубоморната страна на скорпијата.

Со активности како гледање филмови, одење во ресторани и на излети, скорпијата и водолијата ќе го одржат жарот во нивното пријателство. Инаку, овие двајца може да уживаат во опасни спортски активности како парасејлинг, возење со скутер на вода, нуркање и хокеј на мраз. Ако се во потрага по некаква интелектуална стимулација, овие двајца може да уживаат разговарајќи на теми поврзани со астрономија и компјутерски науки. Исто така, може да им биде интересно заедно да експериментираат готвејќи некои необични јадења.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар