Скорпија и риби – љубовна комбинација
Љубовната унија сочинета од партнери родени во хороскопските знаци скорпија и риби, е базирана на огромна почит и разбирање. Двата знака поседуваат голема интуиција и можат да ги почувствуваат мислите и емоциите на својот партнер. Скорпијата е многу темелна, длабока и мистериозна личност, која секогаш постапува на овој или оној начин, во зависност од целта која сака да ја постигне, а рибата е идеалист и мечтател и умее да ги види нијансите на ситуациите. Рибите имаат тенденција одвреме-навреме да се повлекуваат во нивните мисли и токму поради тоа, ќе и простат на скорпијата што понекогаш е мистериозна и затворена. И скорпијата и рибите располагаат со голема способност за забележување на она што се крие под површината на работите и умеат добро да претпостават кои се скриените намери и мисли на луѓето околу нив.Скорпијата може да и помогне на рибата да ги оствари своите соништа и амбиции, односно да ги претвори нејзините идеи во реалност. Скорпијата ќе ја гради нивната врска на цврст темел, безрезервна почит и верност, со цел емоционално да се приврзе со својот партнер, а непостојаната, интуитивна риба цврсто ќе се „заплетка“ во оваа нејзина љубовна мрежа. За возврат, рибата ќе и понуди на скорпијата нежност, внимание, солидарност, добрина и разбирање. Таа се восхитува, ги обожава и цени тие карактеристики на нејзината риба.
Скорпијата сака да поседува финансиска стабилност и удобност, а често создава и интензивни емоционални драми, па на моменти не може да ја разбере едноставната, дарежлива и милосрдна риба. На почетокот на врската скорпијата и рибите изгледаат како да се многу слични по карактер, но на подолг рок тие постепено ќе ги увидат нивните различности. Ако успеат да ги надминат нивните различни погледи кон одредени работи, нивната врска навистина ќе вреди.
Марс и Плутон управуваат со скорпијата, а Јупитер и Нептун со рибите. Марс го симболизира античкиот бог на војната, а луѓето родени во хороскопскиот знак скорпија се жив доказ за храброст, дрскост, агресивност и упорност. Во комбинација со Марс, Плутон симболизира нови почетоци. Влијанието на Јупитер ги прави рибите паметни личности кои имаат филозофски начин на размислување, благодарение на кое можат интелектуално да се развиваат. Влијанието пак на Нептун, ги прави рибите големи фантазери и „сонувачи“ кои имаат тенденција да се занимаваат со нешто од областа на културата и медиумите. Со својот спиритуален дух и едноставен начин на размислување, рибите ја „омекнуваат“ и разнежнуваат нивната скорпија. Композитната моќ на овие четири планети, ја прават оваа врска стабилна и урамнотежена, со одредена доза на драматичност и емоционални интриги. Спојот од нивните карактери, ја прави оваа комбинација божествена.
За да биде оваа врска долготрајна, скорпијата ќе мора да и допушти на рибата по малку да „лета“ и фантазира, бидејќи во спротивно рибата ќе се почувствува придушено од остварување на сите нејзини барања. Скорпијата и рибите се водни знаци и тоа ги прави високо компатибилни. Животна мисија на рибата е да ги здружува и зближува луѓето, а кога таа нејзина енергија доаѓа во комбинација со упорната, енергична и страсна скорпија, тие заеднички создаваат една нераскинлива конекција. Скорпијата има апсолутистички поглед кон животот. Светот околу неа е или црн или бел. Ако и оставите добар впечаток и не сторите ништо кое ќе го наруши добриот углед кој сте го создале кај неа, таа безрезервно ќе ве почитува и вреднува. Во спротивно, таа нема да сака да сте дел од нејзиниот живот. Трпеливата риба успева да го продлабочи погледот кон светот на својата љубена скорпија, на начин што и овозможува да ја погледне „поголемата слика“ на ситуациите, а не само моменталните детали кои го уништуваат добриот впечаток.
Како и во секоја друга врска и во оваа постојат карактерни особини кај секој од партнерите, кои не му се допаѓаат на другиот. Скорпијата може да се измори од непостојаноста и несигурноста на рибата, а таа пак може да ја доживее скорпијата како егоцентрична личност, преокупирана сама со себе и нечувствителна во поглед на задоволување на нејзините емоционални потреби. Секако, не постои сомнеж во тоа дека овие партнери, ако сакаат нивната врска да успее, ќе најдат начин да постигнат компромис на секоја тема. Упорната скорпија кога ќе зацрта одредена цел, ја фокусира целата своја енергија кон остварување на истата, а рибите се префрлаат од една кон друга работа, во зависност од тоа кон што ќе ги одведе нивната интуиција.
Рибите лесно се прилагодуваат кон начинот на живот на нивната љубена скорпија и нејзината потреба за добра забава и разонода. За возврат, скорпијата и дава слобода на рибата да ужива во остварување на нејзините лични интереси. Рибата умее да и покаже на скорпијата дека флексибилноста како карактерна особина, може да биде многу корисна, забавна и возбудлива, односно дека компромис може да биде постигнат и без борба или голема кавга. Енергиите на скорпијата и рибите хармонично се преплетуваат една со друга, и ја прават нивната унија моќна и емотивно задоволувачка за двајцата партнери.
Најдобриот аспект од нивната љубовна врска, е нивната слична интензивна емоционална природа, нивното заедничко „шесто сетило“ за вовлекување под површината на нештата и нивниот спиритуален начин на доживување на љубовта како нешто магично. Во ова љубовно гнездо постои слога, единство и хармонија, а во него двајцата партнери се чувствуваат исполнето. Скорпијата и рибите се упорни личности, кои се во потрага по вистината и обезбедување цврста и длабока конекција со својот партнер. Таа нивна тенденција, ќе ги зацврсти нивните односи, а ќе ја направи нивната врска долготрајна и издржлива.
A ribi i devica? 🙂
Ve molam ako sakate eden posirok pregled za ljubovna kombinacija za VODOLIJA SO RIBI blagodaram i pozdrav od se <3