Скорпија и овен – пријателска комбинација
Една работа е сигурна: дружбата помеѓу овие два знака нема никогаш да биде досадна. Скорпијата и овенот се страсни, енергични и моќни луѓе, поради што забавата е секогаш присутна. Помеѓу овие пријатели ќе „летаат искри“ одвреме-навреме, но токму тоа е причината поради која тие уживаат во меѓусебно друштво. Нивните расправии се легендарни, а тоа ги прави интересни дури и овие непријатни моменти.Овенот никогаш не бега од расправии, а скорпијата секогаш е во потрага по добар противник. И покрај тоа што овие пријатели многу се разликуваат во ставовите за контроверзни теми како религија и политика, скорпијата сепак многу му се воодушевува на внатрешниот „оган“ и страст кој го поседува овенот, бидејќи ја потсетува на нејзината моќна страст за животот. Доколку овие пријателчиња сакаат нивното другарство да успее, скорпијата мора да запамети дека овенот никогаш не држи долго лутина. Ако имаат караница, овенот најверојатно ќе ја заборави после еден час. Скорпијата треба да сфати дека долготрајното демонстрирање лутина, нема да му помогне на ова пријателство да успее на долг рок.
Скорпијата не пребледува кога ќе се соочи со опасни спортски активности како скокање со банџи или летање со падобран, а овенот ужива кога чувствува како адреналин проаѓа низ неговите вени. Скорпијата ќе биде првиот пријател на овенот кој ќе го охрабри да се оттргне малку од работното биро и да го повика на патување во некое луксузно место, каде ќе се забавуваат со сурфање на бранови. Ако се прашуваат скорпијата и овенот, животот е премногу краток за да се троши на досадни состаноци. Ако успеат да преживеат после нивните драматични кавги, овие пријатели може многу да се забавуваат заедно.
Тие имаат заеднички интерес за специфични спортови како стрелаштво, картинг, пикадо, возење со мотори… Кога станува збор за уметничките облици, овие двајца најверојатно би биле одлични тапанари или пијанисти.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.