Скорпија и лав – пријателска комбинација
Една работа е сигурна: ова е едно навистина интензивно пријателство, бидејќи лавот и скорпијата се најстрасните знаци во зодијакот. Вечно оптимистичниот лав создава тотална конфузија во главата на скорпијата, бидејќи таа не може да престане да му се воодушевува. Смета дека има нешто прекрасно во енергијата која лавот ја шири и не може да порекне дека животот е малку посветол кога овој пријател е во нејзино присуство.И покрај тоа што скорпијата се смешка во себе на обидите на лавот да доминира врз неа, таа сепак се вчудовидува секојпат кога овој пријател се обидува да го контролира нивното другарство. Во суштина, чесниот лав никогаш нема да биде идеален партнер за итриот стратег каков што е скорпијата. Сепак на скорпијата не ù смета одвреме-навреме да го негува егото на лавот, а тој за возврат ù влева храброст и позитивна енергија, која ù ја буди креативноста на скорпијата.
Помеѓу овие два знака не постојат обични, секојдневни разговори. Тие се способни секоја тема на разговор да ја претворат во жешка дебата, во која едниот навива „за“, а другиот „против“ и таа дискусија ќе трае сè додека некој од нив не победи. Токму ова е причината зошто на лавот многу му се допаѓа карактерот на скорпијата – никој не може да му понуди постимулативна и посурова конверзација од неа. Скорпијата пак ужива во топлината и еланот кои лавот ги поседува, бидејќи ù помагаат да се оттргне од мрачните мисли кои понекогаш ја обземаат.
Лавот не може да ја сфати повремената потреба на скорпијата за тотална приватност и изолираност, додека скорпијата ја збунува потребата на лавот да биде секогаш во центарот на вниманието. Во секој случај, овие пријатели имаат многу заеднички хобија и интереси како гледањето филмови, одењето во театар, дегустација на вина, а уживаат и во сите динамични спортови кои бараат голем влог на енергија.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.