Скорпија и лав – љубовна комбинација
Кога скорпија и лав стапуваат во љубовна врска, резултатот е најчесто многу динамична и енергична унија. Секој од нив е добро запознаен со потребите на својот партнер. Во тој контекст, скорпијата бара да биде почитувана и посакувана, додека лавот сака да биде обожаван и постојано да му се делат комплименти. Двата партнери се екстремно лојални, па дури и посесивни еден кон друг. Тие се способни да му го пружат на партнерот она што тој го бара и на тој начин меѓусебно си ја хранат самодовербата.Лавот наоѓа задоволство во материјалниот свет. Тој ужива во комфорот и луксузот, па не е изненадувачки да го видите како троши пари на сè и сешто, живеејќи го животот од „висока нога“. Лавот понекогаш знае да биде самобендисан и надмен, а скорпијата ќе го цени тоа и без проблем ќе се согласи да биде „публиката“ која тој ја очекува, сè додека постои еднаквост во нивната врска. Во оваа врска лавот може да се опише со именките раскош, луксуз и сјај, манифестирани во човечки облик. Скорпијата се трга настрана од „сценското светло“ и публицитетот, но таа сака да ги контролира жичките од позадина. Бидејќи и двата знака по природа се многу решителни и дефинирани личности, тие ќе мораат повеќе да поработат на нивната врска, со цел меѓусебно да се разберат и прифатат.
Лавот е предводен од Сонцето, а скорпијата од Марс и Плутон. Сонцето е симбол на егото и „сопственото јас“, а зрачи со топлина и светлина. Лавот емитира одредена жар, елан и ентузијазам, со кои ги освојува луѓето околу себе. Од друга страна, планетата Марс ја симболизира војната, дрскоста и освојувањето битки, додека влијанието на Плутон ѝ дава способност на скорпијата да води внатрешен дијалог сама со себе. Плутон влијае и врз создавањето на мислите во мозокот на скорпијата насочени кон регенерација и преродба. Во оваа љубовна комбинација преовладува мажествена енергија, која им помага на скорпијата и лавот да ги смират нивните конфликти и да си помагаат еден на друг.
Лавот е симбол на животот, а скорпијата на амбициозноста и потсвеста. Доколку овие партнери си дадат време вистински да се запознаат на подлабоко ниво, нивната врска ќе биде многу позитивна и ќе ветува многу. Лавот од своите врски очекува слобода, која ќе му овозможува често да се дружи и меша меѓу луѓе. Карактерот на скорпијата пак се менува како боите на камелеонот, во зависност од конкретната ситуација. Двата знака сакаат да бидат лидери, но на различен начин, па тоа понекогаш може да ги „разгори“ страстите во оваа вообичаено стабилна и пријатна љубовна врска.
На моменти нивната врска може да не биде хармонична, а како резултат на тоа и двајцата се способни да се откажат еден од друг. Како и да е, партнерите ќе успеат да сфатат дека расправиите ги оттргнуваат нивните умови од нивниот најголем приоритет – да бидат заедно, сè додека ја тргаат нивната гордост на страна. И лавот и скорпијата имаат тенденција да бидат непопустливи, самоуверени и отпорни на промени. Но, затоа пак кога заеднички работат на некој проект, тие можат да бидат многу доследни, постојани и истрајни. Ако имаат план, тие ќе се држат до него, додека не го добијат тоа што го сакаат. Но, доколку дојде до разидување на нивните ставови, нивниот разговор ќе постане една бескрајна борба. Скорпијата нема да попушти, бидејќи според неа тоа би значело покажување слабост. Притоа лавот ќе мисли дека скорпијата сака секогаш правдата да биде на нејзина страна.
Доколку успеат да ја погледнат „поголемата слика“ и сфатат дека се на истата страна на работите, ќе биде многу полесно за нив да бидат продуктивни на секое поле. Најдобриот аспект од оваа енергично љубовно партнерство е моќта која ја поседуваат овие партнери и нивните стратегиски различни карактери. Другите луѓе ги доживуваат како силен пар, а нивната посветеност во исполнувањето на нивните желби, ја прави оваа врска стабилна и издржлива.
A koga jke ima jarec i lav?
Периодот на јарците трае од 22 декември до 19 јануари, така што комбинацијата со лав ќе биде објавена првата декада од месец јануари.
Поздрав 🙂
super napisano se e tocno !!!1
Fenomenalno
mi se dopaga odlicno e super eeeeeeeee