Што значи Венера во Стрелец за вашиот социјален живот во декември?

Што значи Венера во Стрелец за вашиот социјален живот во декември?

Венера беше во Скорпија изминатиов месец, а ова значи дека романсата како и социјалните интеракции беа навистина интензивни. Но со почетокот на декември, Венера ќе се наоѓа во Стрелец сè до 25-ти декември. Со ова сите ние ќе бидеме со подобро расположение и ќе се појави доза оптимизам. Па погледнете како Венера во Стрелец ќе влијае на вашиот социјален и сексуален живот во декември.

(1)shto-znachi-venera-vo-strelec-za-vashiot-socijalen-zhivot-vo-dekemvri-kafepauza.mk

Социјална интеракција

(2)shto-znachi-venera-vo-strelec-za-vashiot-socijalen-zhivot-vo-dekemvri-kafepauza.mk

Стрелецот е под влијание на планетата Јупитер која е оптимистичка и љубопитна. Кога Венера, планетата на социјалните интеракции, е во знакот Стрелец, таа создава навистина квалитетни и добри можности. Активностите како возење ролери, забави, спорт и одмори се активности во кои треба да се вклучите кога Венера е во Стрелец. Овој месец заборавете на дискутирање за вашите болни животни искуства.

Премногу забава

(3)shto-znachi-venera-vo-strelec-za-vashiot-socijalen-zhivot-vo-dekemvri-kafepauza.mk

Едно нешто на коешто треба да внимавате кога Венера е во Стрелец е склоноста кон претерано забавување. Луѓето имаат желба целосно да се опуштат во овој знак, па можеби и за ова празничните забави ги бие глас дека се места каде што секој ја губи својата репутација. Па ако имате некоја романса на работното место и се плашите дека ќе изгубите контрола на забавата која ќе ја организирате таму, внимавајте што правите. Подобро е да се држите до безалкохолните пијалаци.

Помалку расправање, повеќе флертување

(4)shto-znachi-venera-vo-strelec-za-vashiot-socijalen-zhivot-vo-dekemvri-kafepauza.mk

Венера во Стрелец може да создаде желба да се ослободите од сите чувства на приврзаност и одговорност. Сериозните врски бараат постојана комуникација. Важно е да запомните дека споделувањето и комуницирањето не мора секогаш да оди до екстреми. Ако сметате дека комуникацијата ви станува товар, можно е да почнете да барате забава и флерт на друго место. Сепак Стрелецот е знак кој ја сака слободата и вниманието. Обидете се да ја направите комуникацијата со партнерот поопуштена и ќе се зближите многу повеќе отколку што сте очекувале.

Кажување на сè што мислите

(5)shto-znachi-venera-vo-strelec-za-vashiot-socijalen-zhivot-vo-dekemvri-kafepauza.mk

Друго нешто на коешто треба да внимавате под влијанието на Венера во Стрелец е проблемот да премолчите некои работи. Овој знак е опседнат со потрагата по вистината и понекогаш ова вклучува поставување на сите вистински прашања, но во погрешно време. Стрелците се директни и иако намерата не им е да бидат груби, оваа промена може да има влијание на сите. Внимавајте на желбата да докажете дека сте во право. Застанете и размислете и за другите луѓе и нивните чувства пред да прозборите. Понекогаш за време на овој транзит подобро е да слушате отколку да бидете слушнати. Но секогаш е најдобра рамнотежата помеѓу двете.

Дознајте и што ве очекува во 2018-та година според хороскопскиот знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар