Што ве очекува во сезоната на Бикот според вашиот хороскопски знак?
Сезоната на Бикот го означува вистинскиот почеток на пролета. Бидејќи е земјен знак, енергијата на Бикот настојува да биде приземјена и бавна. Бидејќи со овој знак владее Венера, Бикот ги сака и земјените искуства како добра храна и релаксација.
Но Бикот не е овде само за да ни помогне да ги освежиме нашите сетила, тој е овде да ни помогне да ја испланираме нашата иднина. Енергијата на Овенот ни помогна да ги започнеме, а енергијата на Бикот ќе ни помогне да продолжиме со проектите и да се држиме до нив. Секој хороскопски знак различно ќе го почувствува влијанието на Бикот. Некои ќе имаат многу успеси, а некои ќе се соочат и со неколку пречки. Па, погледнете што ве очекува оваа сезона според вашиот хороскопски знак.
Овен
Немојте да претерувате со луксуз. Парите можат да претставуваат проблем во сезоната на Бикот, па обидете се да ги зачувате. Направете сè што е во ваша моќ за да донесете мудри одлуки во врска со трошењето. Штедењето сега ќе ви помогне да се чувствувате послободно во текот на летото. Одолејте му на искушението да купите нешто, за подоцна да можете да профитирате.
Бик
Ова е ваша сезона и ќе имате многу енергија која ќе ја искористите максимално. Овој месец ве очекуваат само добри нешта. Уживајте во сонцето и уживајте во пролетните забави. Пејте на дождот и подгответе се за миризливиот мај.
Близнаци
Сè уште трагате по вашиот духовен развој, а оваа сезона ќе живеете во вашата глава поради вашата интелектуална природа. Сепак, обидете се да ја искористите енергија на Бикот за да ги остварите плановите. Јогата и медитацијата можат да ви помогнат да сфатите дали се движите во вистинска насока. Фокусирајте се на вашите ум, тело и дух.
Рак
Изминатиов период ви бил тежок, но сега сонцето ќе огрее и за вас. Можете да излезете од вашата школка и да ѝ дозволите на социјалната страна да ви се појави. Забавувајте се со пријателите и минувајте време со саканите личности. Прифаќајте ги сите покани и ќе бидете изненадени од можностите што ќе ви се пружат.
Лав
Сезоната на Овенот ве загрижила за вашите планови и цели, а истото можете да го почувствувате и оваа сезона. Затоа верувајте во себе и не заборавајте дека што и да се случува, нема да изгубите ништо. Подгответе се за внимание и пофалби и впијте ја слатката пролетна вибрација.
Девица
Оваа година ви се случуваат многу лични промени, а вие барате некоја ментална стимулација што ќе ви го покаже патот. Оваа потрага ќе предизвика промена во вас, а овој месец ќе ѝ се посветите на филозофијата и ќе го храните вашиот интелект. Прочитајте некоја книга, одете на некое интересно предавање или јавете му се на некој пријател за да поразговарате.
Вага
Оваа сезона ќе се чувствувате навистина магично. Прифатете ја вашата духовна енергија и немојте премногу да размислувате за тоа. Размислете да направите промена во утринските навики и поработете на духовноста.
Скорпија
Врските ќе ви бидат приоритет, но бидете внимателни. Вашиот фокус е на односот со партнерот, но доколку му давате сè, ќе останете празни. Обидете се да најдете некаква рамнотежа. Потребно е да добивате колку што давате, без разлика што чувствувате за таа личност.
Стрелец
Енергијата на Бикот ќе направи да се чувствувате приземјено, па искористете го овој период. Ќе бидете мотивирани да почнете со вежбање, па почнете уште веднаш. Забавувајте се и вклучете се во друштвени активности.
Јарец
Оваа сезона очекувајте сензуални вибрации. Тргнете ја рационалноста на страна и само прифатете ги. Љубовта е на вашата страна овој месец, бидејќи ќе чувствувате дека сте во допир со вашите чувства. Покажете ја вашата мека страна и дозволете си да бидете ранливи.
Водолија
Сезоната на Бикот е за одморање и останување во вашиот дом. Овој месец можно е да почувствувате поголема потреба да останете дома. Најдобро е да го поминете слободното време во одморање и релаксација. Опуштете се и разгалете се. На секого му е потребна пауза, па оставете ги грижите надвор некое време.
Риби
Овој период ќе бидете полни со енергија. Дружењето и поврзувањето со блиските ќе биде навистина возбудливо во сезоната на Бикот. Променувањето на рутината и излегувањето од дома ќе направат да се чувствувате обновено и подготвено за претстојната сезона.
Дознајте и кои се хороскопските знаци кои најмногу ќе уживаат во сезоната на Бикот.