Што ве очекува во август според вашиот хороскопски знак?
Можеби 2018-та не беше најлесната година досега, но овој месец речиси сите знаци ги очекува позитивна промена. Способни сте за многу нешта, па време е да направите нешто во врска со тоа. Погледнете што ве очекува овој месец според вашиот хороскопски знак.
Овен
Сингл сте? Овој месец Венера ќе ви донесе нови врски, како и хармонија во досегашните. Соларната еклипса на 11-ти август ќе ги разигра вашите страст и креативност. Сепак, осигурете се дека сте се справиле со сè. Околу 23-ти август можно е да почнете да чувствувате стрес поради напорниот распоред. Немојте да се грижите бидејќи по полната месечина на 27-ми ќе го добиете она што сте го чекале.
Бик
Иако имате премногу работа, божицата на љубовта е на ваша страна. Исто така Уран навистина ќе ве доближи до вашата лична револуција. Можеби ви е удобно каде што сте сега, но како поинаку очекувате да созреете? Соларната еклипса ќе ѝ даде енергија на вашата емоционална основа. Дали планирате да се селите? Ве чекаат нови почетоци на хоризонтот. Подгответе се за вистинска промена по 23-ти август.
Близнаци
Ако ви се допаѓа некој и ако работите на нов проект, имајте на ум дека планетите се на ваша страна. Соларната еклипса ќе ги размрда вашите врски со роднините и блиските пријатели. Ова може да предизвика малку нервозна енергија, па немојте да претерувате. На 23-ти август сонцето го осветлува вашиот дел поврзан со семејството и домот. Оваа енергија е навистина удобна.
Рак
Можеби сте расположени за преуредување на домот. Немојте да се двоумите и дозволете ѝ на Венера да ви биде водич. По соларната еклипса на 11-ти, време да си го дадете заслуженото признание. Следниот ден можно е да настанат некои конфликти со вашиот партнер. По 23-ти ќе бидете расположени за дружење и ќе уживате во пишување пораки, зборување на телефон, па дури и во обичниот разговор со некој сосед.
Лав
Дали сте подготвени за нов почеток? Соларната еклипса ќе ги промени вашиот изглед, начин на размислување и уникатна перспектива. Пред вас има нови почетоци, а вие сте повеќе од подготвени за промена. Повеќе ќе немате проблеми и драма настанати од егото. Конечно ќе станете горди на личноста којашто сте.
Девица
Конечно се чувствувате како себе, и тоа со добра причина. Соларната еклипса на 11-ти ќе ги означи новите почетоци во лекувањето и духовноста. Полната месечина на 26-ти август ќе предизвика духовна кулминација во вашите врски.
Вага
Ако мислевте дека досега сте шармантни, почекајте да се видите во август. Соларната еклипса на 11-ти е знак за нови почетоци во зоната на пријателството. И ако немате нови пријатели, подготвени се да се придвижите напред. Следниот ден можно е да се чувствувате малку неуморно, па забавете. По 23-ти прифатете ја самотијата и грижете се за себе.
Скорпија
Овој месец е време да ги повикате вашите кармички моќи. Соларната еклипса на 11-ти означува нов почеток во вашата кариера и професионалниот живот. Дали сте задоволни со сегашната професија? Дали нешто ви недостасува? Слушајте ги инстинктите. По 27-ми август ќе имате многу енергија.
Стрелец
Новата месечина на 11-ти ќе ја размрда вашата куќа на проширување и патување. Дали сте подготвени за нов почеток? Време е да ги проширите вашите хоризонти. Конечно ќе го преболите токсичниот бивш партнер и ќе почнете да истражувате нови можности во вашата кариера.
Јарец
На 6-ти август ќе се врати хармонијата во вашата кариера. Навистина го сакате успехот, па не престанувајте да се искачувате. Соларната еклипса на 11-ти носи нови почетоци во сексуалниот живот. Дали чувате стари токсични емоции? Време е да се ослободите од нив. Пожелно е да ги спакувате и куферите бидејќи навистина ви е потребен одмор.
Водолија
Овој месец е за учење, проширување и патување. Можеби ќе се одлучите да научите нешто сосема поразлично. По 7-ми август можно е да се случи неочекувана промена во вашиот дом. Немојте да давате отпор. Соларната еклипса на 11-ти е знак за нови почетоци во врските и партнерствата. Овој месец ќе ви биде навистина возбудлив.
Риби
Очекувајте слатко изненадување од универзумот. Веќе сте подготвени за промена, па по 11-ти август можете да почнете да работите на тоа. На 23-ти приоритет ќе ви биде вашата врска. Овој месец ставете ги вашите емоции на прво место. Интуицијата навистина ќе ви збори, па обрнете ѝ внимание.
Дознајте и со кои хороскопски знаци летово можете да имате незаборавна авантура.