Што ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак?

Што ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак?

Ретроградното движење на Меркур ќе започне на 17 февруари, само неколку денови по Денот на вљубените. За жал, вашите кутии со чоколатца и букетите рози нема да останат заштитени од хаосот што следува. Во случај да не знаете, ретроградните движења на Меркур се одвиваат 3-4 пати годишно, во кои планетата на комуникацијата, на рационалното размислување и на транспортот започнува да создава хаос и застој во животот на луѓето. Меѓутоа, негативните ефекти од ретроградното движење на Меркур ќе ги почувствувате и за Денот на вљубените, уште пред да започне ретроградното движење на оваа планета.

Што ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак?

Сите хороскопски знаци ќе ги почувствуваат ефектите од оваа неодлучна планета, па вашите планови можеби ќе бидат откажани во последен момент или можеби ќе се појави вашиот поранешен партнер и ќе ви ја уништи новата романтична врска. Како и да е, единственото нешто што е сигурно е дека 14 февруари оваа година нема да биде здодевен. Во продолжение прочитајте што ви подготвува Меркур за Денот на вљубените врз основа на вашиот хоросопски знак.

Овен

Ретроградниот Меркур ќе ви предизвика многу главоболки на Денот на вљубените. Не предизвикувајте ја среќата и испланирајте заедничка ноќ со партнерот, а сите други поголеми планови оставете ги за подоцна. Останете дома со партнерот и одморете ги главата и умот бидејќи вашиот мозок е презаситен и ви треба одмор. Исчистете го распоредот и овој ден посветете му го на само на вашиот партнер.

Бик

Можно е да постои тензија помеѓу вас и вашите пријатели или вашиот партнер бидејќи во овој период повторно се отвораат старите рани и тие ќе предизвикаат излегување на површина на старите проблеми. Можеби ќе продолжите една поранешна расправија со ваш пријател, но не расправајте се додека не слушнете што има да каже другата страна, а потоа љубезно решете го проблемот. Ако постојат нерешени проблеми, очекувајте дека ќе мора да ги решите.

Близнаци

Неуспешните обиди за комуникација на работното место може да ве принудат да го средите безредието на колегите – дефинитивно не многу романтични вибрации за Денот на вљубените. Неочекуваните проблеми на работа може да го спречат реализирањето на вашите романтични планови. Но, немојте да се вознемирувате бидејќи можете да го прославите Денот на вљубените подоцна во вечерните часови.

Рак

Организирањето патување без многу пречки ќе биде речиси невозможно за време на ретроградниот Меркур, па вашите планови за тој викенд најверојатно ќе пропаднат. Ако планирате романтично бегство за Денот на вљубените, бидете подготвени за откажување на плановите. Но, добрата вест е што можете да испланирате романтична вечер во вашиот град. Бидете флексибилни и креативни ако сакате да имате незаборавна и романтична вечер без да го напуштите градот.

Лав

Распоредот ви е неуреден, а комуникацијата уште понеуредна, па сите ваши невешти планови за Денот на вљубените ќе ве направат многу нерасположени. Обидете се да ги контролирате вашите емоции и поставете граници за себе и за другите. Вашите планови ќе бидат тешки за реализирање, па бидете подготвени да преземете одговорност за сопствените планови и постапки.

Девица

Меркур е вашата владејачка планета, така што ретроградното движење ќе ве погоди точно на најболните места на Денот на вљубените, особено кога станува збор за вашата сакана личност. Можеби постојат повеќе личности за коишто сте заинтересирани, но оној за којшто сте најмногу заинтересирани не ви обрнува доволно внимание. Ве очекуваат многу измешани сигнали и недоразбирања, па обидете се да не сфаќате сè премногу лично.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар