Што секој хороскопски знак треба да знае кога се чини дека нема светло на крајот од тунелот? - Part 2

Што секој хороскопски знак треба да знае кога се чини дека нема светло на крајот од тунелот?

Вага

Склони сте кон тоа целосно да се исцрпувате себеси грижејќи се за другите – иако ви се чини дека целиот овој процес ви дава енергија, всушност ве изнемоштува. Одлични сте кога работите под притисок и можете да издржите сè што ќе ве снајде, без притоа да го изгубите приземниот разум, но сето тоа се наплаќа. Одвреме-навреме треба да бидете себични, да одвоите време за себе и за вашите потреби, да си дозволите нежност и луксуз – наполнете ги батериите за да можете да продолжите да ги решавате вашите и туѓите проблеми.

Скорпија

Вашиот внатрешен притисок полека расте – сè носите во себе, ги чувате и криете нештата. Кога ви е тешко, самите се справувате со својата болка, не се жалите на никого, си ги задржувате за себе чувствата и информациите. Можеби би ви било полесно да го споделите својот товар со психолог отколку со некој близок. Така нема да се плашите дека вашите проблеми би му додевале или дека доколку му се доверите ќе ве смета за слаб карактер или ќе ја изгуби довербата во вас. Вие сепак сакате да оставите впечаток на стабилна личност.

Стрелец

Кога чувствувате дека се градат ѕидови околу вас, треба да се ослободите – вашиот оптимизам никогаш не може да биде срушен, а вашиот бестрашен дух никогаш не може вистински да се скроти. Ако се наоѓате во безизлезна ситуација, оставете сè и излезете во природа, поминете го времето поврзувајќи се со изворот на животот, обновете ја својата енергија, исто како некој примитивен човек – тркалајте се по земја, поклонувајте се на сонцето, измијте го лицето во потокот. Кога ќе си ја повратите енергијата, вашето срце ќе зборува јасно и подобро ќе го слушнете својот внатрешен глас.

Јарец

Се држите на својата висока позиција и не отстапувате, храбри сте и силни. Понекогаш само цврсто стоите во темнината, чувствувате како земјата под вашите нозе се урива и ја очекувате пропаста. Кога се чувствувате безнадежно треба да се одморите. Здивнете макар и за миг од работата, редот и дисциплината, најдете начин да се опуштите и забавувате, да заборавите на кратко на одговорноста и строгоста. За момент тргнете ја ногата од кочницата и не грижете се што ќе помислат другите за вас, едноставно препуштете се.

Водолија

Кога ќе почнете да се чувствувате преоптоварено, најдобро е да пристапите кон решавање на некој помал проблем. Одвлечете го вниманието од поголемата слика (што секогаш ја имате на ум) и задржете го фокусот на еден мал дел од таа слика на кој можете да влијаете и веднаш да го поправите, па да ги видете резултатите. Ако небото се заканува дека ќе ви падне на глава, качете се на покривот и заменете ги дотраените ќерамиди – бидете практични при решавањето проблеми.

Риби

За време на криза, се чувствувате беспомошно и изгубено, но тоа е само бидејќи му се препуштате на стравот. Следниот пат кога ќе се зададат темни облаци над вашиот хоризонт, не паѓајте на колена и не очајувајте туку променете го пристапот. Погледнете нагоре, испитајте ја таа темнина, откријте од што се состои, кои места се најстрашни, на што реагирате најмногу – притоа ќе ги забележите и слабите точки на тој мрак, но и сопствените силни страни на кои инаку не обраќате внимание кога им се препуштате на чувствата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар