Што прави секој хороскопски знак веднаш по сексот?
Сите хороскопски знаци подеднакво уживаат во сексот, но што се случува со нив кога овој чин ќе заврши? Некои од нив веднаш заспиваат, некои не сакаат да престанат да се прегрнуваат, а некои пак целосно исчезнуваат. Па, ако сакате малку да се насмеете, ви препорачуваме да го најдете вашиот хороскопски знак или знакот на вашиот партнер – гарантираме дека добро ќе се расположите!
Овен
Скоро инстантно го заборава вашето име.
Бик
Заспива без да каже ниту еден збор.
Близнаци
Стануваат да подготват закуска и не се враќаат повторно во кревет бидејќи нешто по пат им го одвлекло вниманието и на крај завршиле покрај телевизорот гледајќи серии на Нетфликс.
Рак
Тивко ве гушка додека во себе се кара дали четвртото дете да ви се вика Дијана или Даниела.
Лав
Одново ги доживува сите моменти во кои сте уживале неизмерно, притоа полнејќи си го егото.
Девица
Ви дава листа со нешта што можете да ги направите следен пат за да бидете подобри во сексот.
Вага
Индиректно бара комплименти.
Скорпија
Лежи тивко, чувствувајќи се ранливо и се жали што дозволил некому толку да му се приближи.
Стрелец
Се прашува дали ќе се зачудите ако донесе неколку пива во кревет.
Јарец
Ве замолува да станете и заедно да се истуширате
Водолија
Почнува да ви прави муабет за вонземјани.
Риби
Почнува да плаче, без никакво објаснување.
Дознајте и кои се сексуалните фетиши на секој хороскопски знак!