Што прави секој хороскопски знак кога „умира“ од досада за време на викендот?

Што прави секој хороскопски знак кога „умира“ од досада за време на викендот?

Кој е начинот на кој вие се справувате со досадата за време на бавните викенди? Секој знак има различен пристап кон овој проблем, па така некои од нив се обидуваат да направат нешто продуктивно додека пак другите едноставно се впуштаат во будалести или забавни активности. Прочитајте во продолжение што правите вие во ваква ситуација…

Овен – долго туширање

Кога Овните се досадуваат тие најчесто завршуваат во тушот и остануваат таму сè додека има топла вода или додека не почувствуваат дека кожата целосно им се збрчкала.

Бик – целодневно чистење

За да се справи со досадата, Бикот се фрла на работа, поточно на чистење. Тој може за само неколку часови да направи целосна генералка и потоа се части со сладолед.

Близнаци – гледање серии во кревет

Никој не може да прави нешто толку долго колку што Близнаците можат да гледаат серии во кревет. Ништо чудно што следат толку серии истовремено…

Рак – зборување и играње со миленици

Кога Ракот се досадува, тој се насочува кон своите омилени суштества на планетата – домашните миленици.

Лав – жалење за досадата

„Досадно ми е. Нема што да се прави. Зарем е можно да е олку бавен денов? Зошто стрелките на часовникот не се поместуваат? Досадно ми еее…“ – секој Лав на оваа планета!

Девица – музика на максимум

Кога се досадува, Девицата најверојатно шета бесцелно по својот дома. Но, тоа не го прави во тишина. Од звучниците ечи музика којашто ја слуша целиот град.

Вага – правење селфиња

Кога се досадуваат, Вагите си го пополнуваат денот така што почнуваат да прават мал милион селфиња.

Скорпија – јадење брза храна

Зарем има нешто подобро од јадење нездрава храна покрај телевизорот?

Стрелец – пиење алкохол

Не само што Стрелците си ја потопуваат досадата во алкохолот, туку исто така и најчесто зажалуваат за оваа одлука бидејќи го завршуваат денот во несвесна состојба.

Јарец – обидување за продуктивна работа

Јарецот што се досадува навистина сака да биде продуктивен, но тој најчесто е тотално бескорисен во оваа состојба и завршува со целодневно скролање на Фејсбук.

Водолија – гледање мачки на Јутјуб

Водолиите што се досадуваат прават енормно истражување на видеа со мачки што прават глупости.

Риби – целодневно спиење

Во истиот момент штом Рибите ќе почувствуваат досада, тие исто така и почнуваат да зеваат, а брзо потоа заспиваат. Не се будат до следниот ден или барем додека не ја преспијат досадата.

Дознајте и како хороскопските знаци општо ја поднесуваат досадата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар