Што носи младата месечина во Бик за секој хороскопски знак?
Младата месечина пристигнува ноќта помеѓу 11-ти и 12-ти мај и ќе биде во знакот на Бик. Астролозите најавуваат претежно мирен и позитивен период, а на Бикот ќе му донесе најмногу среќа.
Овен
Оваа млада месечина ќе има влијание врз полето што е поврзано со имотот, финансиите, храната и многу други материјални вредности. Сега е вистинско време да инвестирате во бизнис или да започнете нова работа.
Бик
Младата месечина ќе има влијание врз вашето лично поле на менталната структура и физичкиот изглед. Одлуките што ќе ги донесете сега ќе влијаат на целиот ваш живот. Сега е идеално време за промена, затоа искористете го максимално. Избегнувајте физички и ментален напор.
Близнаци
Ќе се соочите со вашите стравови и со некои промени што ве тераат да одите напред. Треба малку да забавите и да најдете време за себе. Размислете внимателно како да ги реализирате вашите идеи.
Рак
Овој период ќе ве натера да сфатите кои се вашите вистински пријатели, а кој се дружи со вас од корист. Се отвораат нови можности за напредување во кариерата, но и нови познанства.
Лав
Оваа млада месечина ќе има најголемо влијание врз вашата кариера, така што можете да очекувате унапредување или покачување на платата.
Девица
Ослободете се од некои мисли што ве прогонуваат и од некои стари работи и воспоставете ред во срцето и во мислите. Време е да уживате во љубовта. Овој период ви носи мир и хармонија.
Вага
Може да започнете бизнис преку Интернет што може да се покаже како многу профитабилен. Ова е добар период за напредување на работното место.
Скорпија
Може да очекувате промени во бракот и во односите со деловните партнери. Ако сте слободни, можеби ќе започнете нова врска.
Стрелец
Време е за големи промени. Работете на вашиот физички изглед, но исто така и на подобрување на деловните вештини. Овој период нема да биде многу успешен за вас, затоа вооружете се со трпеливост.
Јарец
Оваа млада месечина носи убави чувства и изобилство во вашиот живот.
Водолија
Многу Водолии можеби ќе имаат потреба да поминат повеќе време со своето семејство. Може да остварите контакти со роднини со кои не сте чуле одамна или не сте ги ни сретнале. Можно е и преселување.
Риби
Сега е важно да воспоставите добра комуникација и нови рамки и насоки што ќе ве доведат до успех. Сите темели што ќе ги поставите за време на владеењето на младата месечина ќе се исплатат во следниот период.
Прочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе ја сретнат својата сродна душа во мај.