Што ни носи април и кои се најголемите астролошки транзити?

Што ни носи април и кои се најголемите астролошки транзити?

Ѕвезденото небо ќе биде бурно во април, а во продолжение ќе откриете како ќе влијаат транзитите на планетите врз вас. Април е период што ќе го одбележат положбите на Марс и Нептун, влегувањето на Сонцето во знакот на Бик и почетокот на ретроградното движење на Плутон во знакот на Јарец. Што значи сето тоа и како ќе влијае положбата на планетите врз вас?

Што ни носи април и кои се најголемите астролошки транзити?

3 април: Меркур влегува во знакот на Овен

Оваа положба на Меркур носи импулсивност, прекумерна искреност, агресија, тврдоглавост и самодоверба. Слушајте го мислењето на другите во овој период, бидејќи не сте секогаш во право. Ќе ве интересираат многу интелектуални дискусии и дебати, но избегнувајте конфликти.

9 април: Марс во Близнаци прави квадрат со Нептун во Риби

Во астролошка смисла, „квадрат“ претставува аспект во кој планетите се поставени под прав агол. Енергиите на двете планети директно се спротивставуваат една на друга и не ѝ дозволуваат на другата да „тече“. Квадратот на Марс и Нептун носи депресија, недостаток на концентрација, бегство во светот на имагинацијата и несигурноста. Не дозволувајте вашите фантазии да ве одвлекуваат од вашите вистински цели.

14 април: Венера влегува во соѕвездието Бик

Оваа положба на Венера носи сензуалност, женственост и емоционална стабилност. Можете да очекувате и материјална благосостојба. Постои опасност од љубомора и посесивност во врската.

16 април: Сонцето во Овен во квадрат со Плутон во Јарец

Насочете ја енергијата кон постигнување професионални цели. Оваа положба на планетата носи интензитет, замор и надмоќ, затоа внимавајте на конфликтите со лица кои се на повисоки позиции од вас.

19 април: Меркур влегува во соѕвездието Бик

Осмелете се да откриете нови начини на размислување во овој период. Положбата на Меркур носи прагматизам, логично размислување, сигурност во вербалното изразување и добра концентрација. На овој ден, Сонцето исто така влегува во Бик и ќе се соочите со период на реалност, решителност и личен развој. Концентрирајте се на вашите цели!

23 април: Марс влегува во знакот на Рак

Марс носи внатрешни борби, емоционална нерамнотежа, стрес, агресија и вина. Верувајте им на најблиските луѓе околу вас.

25 април: Сатурн во Водолија прави квадрат со Венера и Меркур во Бик

Овој квадрат носи емоционално дистанцирање, недоверба, сарказам и песимизам. Запомнете дека грешките се дел од учењето и бидете трпеливи.

27 април: Плутон почнува да се движи ретроградно во знакот на Јарец

Ретроградното движење на Плутон влијае на вашата внатрешна борба помеѓу желбата да се задржи сè исто и потребата за нови и иновативни решенија. Внимавајте на скриените непријатели и на насобраниот и потиснат гнев и фокусирајте се на деловните цели.

Прочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе бидат многу успешни до крајот на 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар