Што НЕ треба да му кажете на секој хороскопски знак?
Сите нас нè нервираат различни работи, но погледнете која е реченицата што не треба да му ја кажете на некој, според хороскопскиот знак, за да спречите непотребни кавги.
Овен – „Ќе те барам подоцна“
Овните мразат чекање, особено кога нешто важно е во прашање. Повеќе од ова може да ги изнервира ако воопшто не им ни одговарате на повиците.
Бик – „Ми загоре ручекот“
Ништо не може да се испречи меѓу Бикот и храната. Па доколку се однесувате неодговорно со неа, може да настрадате.
Близнаци – „Заќути малку“
Близнаците сакаат комуникација и живи луѓе. Ако им кажете малку да се смират и да заќутат, прво ќе се изнервираат, а потоа пак ќе си продолжат по свое.
Рак – „Ние малку подранивме“
Раковите многу мразат кога некој ќе им се појави порано од договореното. Повеќе ќе ве сакаат дури и ако малку задоцните.
Лав – „Не мора секогаш да биде по твое“
Лавовите сакаат да се секогаш во право и секогаш да биде по нивно. Ваквата реченица вистински може да ги разбесни.
Девица – „Го направив тоа секундарно“
Граматичките грешки и погрешното разбирање на зборовите навистина може да извадат од такт една Девица. Сакаат убаво изразување, пишување и почитување на граматичките правила.
Вага – „Ај намали ја малку музиката“
Вагите уживаат да ги слушаат своите омилени песни гласно и да пливаат во својот свет. Да им кажете да ја намалат музиката е толку разочарувачки за нив.
Скорпија – „Мора да раскинеме“
Скорпиите важат за најприврзан знак кога станува збор за врски. Не се справуваат добро со раскинувања и после тоа секогаш се чувствуваат напуштено.
Стрелец – „Колку ми е тежок животов“
Ако се жалите постојано, нема да ги освоите Стрелците. Немаат многу живци за неосновани жалби и ако така продолжите никогаш нема да постигнете блискост.
Јарец – „Позајми ми малку пари“
Јарците се навистина добри луѓе и спремни се финансиски да им помогнат на оние на кои навистина им е потребно, но не и на другари-гребатори.
Водолија – „Нека исчисти некој друг“
Ако уживате во неред и неорганизираност тешко дека ќе се спријателите со Водолија. Тие секогаш внимаваат на чистотата и не сакаат друг да им се меша во тоа.
Риби – „Слушна ли што направил оној?“
Рибите мразат озборување. Не сакаат да бидат дел од такви разговори, а исто така не сакаат и тие самите да бидат жртва на озборување. Доколку ова го правите, тешко дека ќе ја стекнете нивната доверба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.