Што нè очекува за време на ретроградниот Уран?
Од 19 август 2021 година, Уран, планетата на будењето, ослободувањето и промените, ќе се движи ретроградно и ќе остане во таа положба до 18 јануари 2022 година.
Во првите неколку месеци од своето ретроградно патување, Уран ќе им се придружи на Јупитер, Сатурн, Нептун и Плутон, создавајќи силна линија на ретроградна планетарна енергија.
Секогаш кога има голем број планети во ретроградна положба, тоа може да создаде ефект на забавување и да ве натера да се чувствувате како да треба да направите неколку чекори назад, пред да можете целосно да зачекорите напред.
Запрашајте се дали се случило нешто изненадувачко или шокантно во последните 7 месеци што ве натерало да направите промени?
Дали се случило нешто во последните 7 месеци што ве натерало да се чувствувате несигурно?
Бидејќи Уран е планета на ненадејни промени и пресврти, ова се области што веројатно ги допрел во вашиот живот.
Но, добрата вест е што во овој ретрограден период можете да ја искористите оваа енергија за да земете здив, да процените некои работи и да погледнете каде слетавте.
Шокот околу сите изненадувачки или ненадејни промени може да почне да се намалува, а вие може да почнете да ги гледате работите со нова перспектива и јасност.
Исто така, може да откриете дека сè што некогаш правело да се чувствувате несигурно, сега изгледа малку сигурно или охрабрувачки, што ви овозможува да најдете нова слобода.
Важно е да се има предвид дека Уран нема да ви го разниша животот без причина, туку ќе ве разбуди и ќе ве ослободи од ограничувачките однесувања или обрасци што прават да се чувствувате заглавени.
Кога е ретрограден, Уран сака да ги гледате работите на поинаков начин. Сака да ја смените вашата перспектива за да имате пристап до ново ниво на слобода и лесно да го расчистите патот за сè што треба да најдете.
Прочитајте кои 4 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во следните 5 месеци додека Јупитер е во знакот на Водолија.