Што му предизвикува стрес на секој од хороскопските знаци и како тие се справуваат со него?
Стресот е проблем со кој голем број луѓе секојдневно мора да се справуваат, а секоја личност различно се носи со него. Погледнете како хороскопските знаци успеваат да излезат на крај со оваа ужасна мака.
Овен
Припадниците на знакот Овен се динамични луѓе додека не се потроши нивната енергија. Кога се болни или се чувствуваат лошо, стресот им се насобира. Запомнете, вие не сте суперхерои. Никој не очекува да го спасувате светот. Одвојте време за одмор.
Бик
Бикот сака постојано да се чувствува компетентно, па затоа вложува време да ги направи нештата како што треба уште првиот пат. Најголемиот предизвикувач на стрес за нив е неуспехот. Запаметете дека неуспех може секому да му се случи, така созреваме.
Близнаци
Близнаците не ги трпат глупостите на луѓето. Нивниот стрес е предизвикан кога луѓето се однесуваат глупаво, но од витална важност е да запаметите дека треба да дишете и да не се лутите затоа што токму таа лутина го создава стресот.
Рак
За овој знак, несигурноста е најголемиот причинител на стрес. Кога доживувате пораз имате тенденција да правите драма и непотребни сцени. Не ги голтајте чувствата, искажете ги, но сепак бидете конструктивни. Дишете длабоко и бидете сигурни.
Лав
Стресот кај Лавот се појавува кога нема контрола врз нештата, особено кога губи или ако нешто не функционира како што треба. Сетете се дека некогаш мора да ги пуштите работите да течат по свој тек. Ако ништо друго, барем ќе бидете посреќни.
Девица
Припадниците на овој знак премногу размислуваат. Среќа што тоа не е смртоносно, затоа што ако беше вие досега ќе бевте мртви. Вашата најголема причина за стрес е тоа што не можете да си ги средите мислите. Правете листи, распореди, запишувајте ги нештата на лист – така сигурно ќе ви олесни.
Вага
Вагите не сакаат нефер однесување. Од друга страна пак, кој сака? Вие имате навика да поминувате премногу време размислувајќи дали да се соочите со луѓето кои не биле фер кон вас. Наместо да се опседнувате со тоа, едноставно зборувајте со таа личност уште во моментот. Само без насилство.
Скорпија
Скорпиите можеби изгледаат како скорпии – со остри штипалки и отров однадвор, но однатре се нежни и чувствителни. Кога чувствувате тензија и нервоза се трудите да ја прикриете што е можно повеќе. Она што мора да го запомните е да одвојувате време за себе.
Стрелец
Стрелецот е секогаш во движење. Вие мразите да седите и мразите ситуации кога мора да глумите. Одморете од тоа и слободно откачете. Излезете со пријателите или правете некоја физичка активност што ви го покренува адреналинот.
Јарец
Вие имате преголеми очекувања од себеси. Стресот се состои во тоа што вие не уживате доволно во убавите моменти од животот. Едноставно е – ослободете се.
Водолија
Мора секогаш сѐ да биде по нивно. Вие без причина сте фрустрирани ако нештата не се по ваше. Разберете дека таков е животот. Земете длабок здив и продолжете понатака.
Риби
Рибите, како и Скорпиите, се знаци кои ја ценат и ја сакаат интимата. Јавното зборување и искажување чувства е најстресното нешто за нив. Овие нешта се дел од животот, затоа заземете став дека сѐ поминува и одвојувајте време кое ќе го поминете правејќи нешта што вие ги сакате.