Што му носат ѕвездите на секој хороскопски знак на полето на сексот за време на празниците?

Што му носат ѕвездите на секој хороскопски знак на полето на сексот за време на празниците?

Поради пандемијата на коронавирусот, најголемиот дел од времето го поминуваме дома, а со тоа имаме можност да се поврземе со најблиските. Во продолжение прочитајте како ќе ви цвета сексуалната енергија за време на празниците што следуваат.

Што му носат ѕвездите на секој хороскопски знак на полето на сексот за време на празниците?

Овен

Бидејќи Марс е владејачката планета на Овенот, вашето либидо беше екстремно високо по неговото ретроградно движење. Ова значи дека во наредниот период околу празниците, ќе најдете фантастичен начин да ја преземете контролата над вашиот сексуален живот. Ѕвездите им порачуваат на Овните да не се двоумат да ги споделат своите фантазии со партнерот.

Бик

Поради романтична Венера што го осветлува љубовниот живот на Бикот, овој хороскопски знак ќе почувствува силна поврзаност со својот партнер во наредниот период. Слободните Бикови ќе сакаат да влезат во љубовна врска, додека оние во среќна врска ќе сакаат да направат чекор понапред. Во секој случај, клучот за разгорување на сексуалните искри лежи во комуникацијата помеѓу Бикот и неговиот партнер. Дури и малку имагинација е доволно за да ја разгори страста.

Близнаци

Слободните Близнаци ќе започнат многубројни авантури за време на празниците, додека оние во долга врска ќе добијат можност да се поврзат со партнерот и да ги испитаат границите на својата сексуалност. Совет за Близнаците: не брзајте и уживајте во секоја секунда што е пред вас.

Рак

Во последно време, Ракот трошеше повеќе енергија на работа отколку во спалната соба. Сепак, во деновите што доаѓаат, ќе има неочекувано поместување на ова поле. Романтичниот Рак ќе стори сè за да го разгори пламенот во врската, а неговата партнерка ќе биде многу возбудена поради тоа.

Лав

Во последно време, Лавот е одлично расположен за проширување на своите хоризонти на полето на сексот. Празничниот период што следува е совршено време да испробате нови работи во спалната соба, но и некаде надвор. Лавот, воден од силната возбуда, ќе биде многу авантуристички настроен во наредниот период.

Девица

Во последно време, Девицата е во контакт со својата еротска страна повеќе од кога било. Отворајќи се кон себе, но и кон партнерот, Девицата ќе сака да ја изрази својата сексуалност на сите замисливи (и незамисливи) начини. За време на празниците, Девицата ќе добие можност да ужива во интимни сесии и да ја продлабочи својата врска.

Вага

Во деновите што изминаа, Вагите имаа доминантна улога во спалната соба во повеќето случаи. Сепак, сега е време нивниот партнер да стори сè за да ги разгали. За време на празниците, Вагите ќе бидат подготвени да се предадат повеќе од кога било.

Скорпија

Бидејќи романтичната Венера е таа што ги контролира постапките на Скорпијата, сè за што ќе размислува во наредните денови ќе биде љубовта, искрена и длабока. Бидете искрени и споделете сè што имате на ум со вашиот партнер. Тоа е единствениот начин да бидете сакани и да сакате безусловно.

Стрелец

За време на изминатите месеци, Стрелецот мислеше само на една работа – задоволство. Продолжува во иста насока и за време на празниците барајќи задоволство на сите нивоа. Водењето љубов на јавно место е една од опциите што ќе му се понудат на Стрелецот, а која со задоволство ќе ја прифати.

Јарец

За слободните Јарци следува период што носи добри вибрации. Можно е да стапите во стабилна врска и да изразите искрени чувства. Јарците кои се во врска ќе почувствуваат неверојатен нагон за водење љубов, каде и да се појави можност за тоа.

Водолија

Водолијата е фокусирана на светот околу неа, па лесно заборава дека треба повремено да се разгалува и себеси. Но, како што се приближуваат празниците, Водолија сфаќа што е навистина важно. Интимно дружење, романтични вечери и водење љубов со часови е она што ѕвездите го подготвуваат за Водолијата.

Риби

Рибите ќе го искористат периодот за време на празниците за да се посветат на себе. Потоа, преостанатото време ќе му го посветат на партнерот и ќе експериментираат во спалната соба. Рибите не се склони премногу да се потпираат на своите чувства, но со звукот на ѕвончињата во воздухот, нешто ќе ги натера да бидат почувствителни.

Прочитајте кои се 3-те одлики што ги бара секој хороскопски знак кај својот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар