Што му е потребно на секој хороскопски знак после тешко раскинување?

Што му е потребно на секој хороскопски знак после тешко раскинување?

Она што на едни знаци им одговара, за други може да претставува најлош совет…

Што му е потребно на секој хороскопски знак после тешко раскинување?

Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец

Покажувањето на вашите фрустрации и непрекината физичка и ментална активност се клуч за успех кон патот за залечување на вашето скршено срце. Доколку сте лути поради начинот на кој завршила вашата врска, задолжително разговарајте со вашите пријатели или со некој експерт за тоа. Чувањето на насобран бес во себе, може да ви создаде само дополнителни проблеми во вашите идни врски. Вежбањето исто така е клучно за целиот овој процес, затоа бидете активни што е можно повеќе.

Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец

Луѓето родени во овие знаци се склони да си ги задржуваат емоциите во себе, па затоа многу е важно да ги насочите во правење на нешто креативно. Земјените знаци се многу практични луѓе, затоа направете рестарт на својот живот и смислете нови планови и идеи кои ќе ја оживеат вашата кариера и финансиска ситуација. На овој начин ќе ја осигурате финансиската стабилност во овие тешки времиња, а истовремено ќе се потсетите себеси дека постојат и други работи кои го заслужуваат вашето време и енергија, покрај љубовните врски.

Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија

Комуникацијата со другите луѓе е најважната работа која можете да ја практикувате за заздравување после тешко раскинување на врска. Ова е одлична прилика да сфатите кои луѓе во животот ви се важни, бидејќи тие во овие тешки ситуации ќе ви бидат од неизмерна помош. Многу е важно да го чуете мислењето на луѓето на кои сте им важни, во врска со вашето раскинување на врската, бидејќи токму тоа „второ мислење“ ќе ви помогне да ги ставите работите во перспектива. Конечно, обновувањево на другарствата на кои не сте им обрнувале доволно внимание за време на врската, стануваат работа на која треба да ѝ се посветите.

Водени знаци: Рак, Скорпија и Риби

Водените знаци се познати по својата чувствителност, затоа многу е важно да не штедите на солзи и да ја исплачете сета тага од себе. Направете пауза и земете си колку што ви е потребно време за да продолжите кога ќе бидете сигурни дека сте ја прежалиле пропаднатата врска. Покрај тоа, секогаш можете да си допуштите нешто за „своја душа и тело“, како на пример викенд во велнес-центар или доколку сте куси со пари, бања со миризлива купка во вашиот дом. За разлика од воздушните знаци, на водените знаци им треба што поограничен контакт со луѓе и дружење само со оние најблиските. Не дозволувајте никој да ве става под притисок што побрзо да се вратите во „нормала“, пред вие да бидете спремни за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар