Што ќе ни донесе т.н. лавовска порта која се активира денес?
Таканаречениот портал „лавовска порта“ ни носи висока фреквентна енергија која може да се искористи за отворање на нашите енергетски центри. Освен тоа, таа може да ни биде инспирација за нови идеи и да ни ја крене свеста на повисоко ниво.
Сезоната на владеењето на Лавот трае од 23 јули до 22 август. Помеѓу тие два датуми има еден посебен ден – 8 август. Тоа е осмиот ден од осмиот месец и го означува отворањето на Лавовската порта, активиран од страна на Сириус. Сириус се смета за наше духовно Сонце, а древните астролози го сметале изгревањето на Сириус како повторно раѓање на нашата духовна енергија и духовната енергија на планетата.
Еве неколку работи што можеме да ги доживееме во овој период:
Срце: Порталот Лавовска порта ја активира срцевата чакра. Старите, па дури и сегашните рани на срцето можат да се излечат. Можеби конечно ќе се чувствуваме ослободени од каква било тага и ќе бидеме подготвени да свртиме ново поглавје во животот.
Отворање на третото око: Ќе имаме можност да научиме нешто ново за начинот на кој ни зборува нашата интуиција. Нашата интуиција веројатно ќе биде силна и ако ова е нешто со кое сакаме повеќе да работиме, порталот е одлично време за почеток. За време на отворањето на Лавовската порта свеста се проширува.
Посети: Старите верувале дека Сириус е владетел на небото и ангелите. Голема е можноста дека ќе добиеме пораки, соништа, знаци и посети од нашите починати сакани и од нашите духовни водичи.
Слобода: Една од најсилните вибрации преку која се манифестира Сириус е енергијата на слободата. Идејата е дека нашето земно Сонце го осветлува овој физички свет кој е илузија. Но, Сириус ја осветлува нашата душа, а кога ќе сфатиме тоа, добиваме чувство на слобода.
Креативност: Ни претстои многу креативно време и совршена можност да пробаме нов креативен проект или да преземеме акција за креативен проект што сме сакале да го започнеме.
Со високата вибрациона енергија на Сириус, поголема е веројатноста да добиеме различни сознанија. Тие можат да дојдат преку нашите соништа, визии, духовни водичи и ангели или едноставно слушање на нашата интуиција додека сме во состојба на релаксација.
Медитацијата и пишувањето се одлични начини да се отвориме кон оваа енергија и да добиеме насоки.
Откако прочитавте за активирањето на лавовската порта, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае спојувањето на Сонцето и Венера на 13 август.
Извор: sensa.mondo.rs