Што ќе ни донесе полната Месечина во август?
Следната полна Месечина нè очекува на 14 август, а хороскопот посочува дека се ближи крајот за многу работи, но сето тоа ќе биде за наше добро.
Августовската полна Месечина ќе биде во знакот Водолија. Овој знак е симбол на слободата и исцелувањето, ја собира енергијата и ја враќа прочистена.
Енергијата на знакот Водолија можете да ја искористите така што ќе се ослободите од она што е негативно и што ве мачи веќе долго време. Полната Месечина ќе ви помогне да го исполните вашето срце со љубов и топлина без да им оставите простор на тагата и болката.
Овој период ќе го означи и крајот на дел од нашите животни патувања. Некои врати ќе се затворат и други ќе се отворат, а тоа ќе ни помогне да откриеме во која насока треба да се движиме за да стигнеме до нашата дестинација.
Меѓу другото, Сатурн ќе биде особено активен под влијание на полната Месечина. Неговата енергија ќе нè поттикне да преземеме одговорност за нашите постапки, но и да дејствуваме во согласност со нашето вистинско „јас“. Освен тоа, лекциите на Сатурн се понекогаш сурови, но тие секогаш ни носат можност за личен раст и развој. Сè додека сме подготвени да ја завршиме работата и да се движиме во посакуваната насока, Сатурн ќе нè поддржува и ќе ни помогне да ги оствариме нашите соништа.
Полната Месечина на 14 август ќе биде тесно поврзана и со конјункцијата на северниот јазол на Уран, па затоа можни се турбуленции и нестабилност особено во поглед на финансиите. Оваа енергија може да ве поттикне и да направите драстични промени во животот.
Од друга страна, силната енергија на Сатурн прави да се чувствувате вознемирено, но и ве прави свесни за промените кои доаѓаат. Затоа, единственото нешто што можете да го направите во оваа ситуација е да се потсетите дека умот, телото и духот имаат моќ да бидат во рамнотежа, да се прилагодат на секоја ситуација и да го извлечат најдоброто од неа.
Откако прочитавте за влијанието на полната августовска месечина, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најважните денови во август 2022 година.
Извор: sensa.mondo.rs