Што ќе ни донесе младата Месечина во знакот Девица на 27 август?

Што ќе ни донесе младата Месечина во знакот Девица на 27 август?

На 27 август ќе имате можност да ја доживеете моќната енергија на младата Месечина во знакот Девица. Таа ќе ве потсети дека е време да станете свесни за она што повеќе не ви служи и да го отфрлите, но и да се посветите на вашата благосостојба.

Што ќе ни донесе младата Месечина во знакот Девица на 27 август?

Направете нови чекори кои ќе ви донесат мир и стабилност. Застанете, одморете се и размислете како можете да му се посветите на личниот развој. Младата Месечина ќе ве потсети дека животот е полесен кога ги планирате работите и смислувате стратегии за среќа.

Оваа енергија ќе ви помогне да осознаете дека вие чекорите кон нешто за што веќе сте предодредени и ќе ви овозможи да живеете овде и сега, во овој момент. Погледнете длабоко во својата душа бидејќи само таму ќе ја пронајдете вистината. Прифатете го фактот дека сте онаму каде што треба да бидете и дека сè што се случува во моментов ве води до вашиот највисок раст.

Еден од најдобрите начини да ја искористите оваа енергија е да им се посветите на телото, умот и душата. Однесувајте се со повеќе љубов и нежност кон себе и обидете се да го слушнете внатрешниот глас. Променете ги вашите здравствени навики, почнете со здрава исхрана, вежбајте и посветете им се на нештата кои ве прават среќни.

Марс, планетата на огнот, акцијата и енергијата, ќе биде активна под влијание на оваа млада Месечина. Енергијата на Марс може да ве направи раздразливи и да ви го насочи вниманието кон вашите стравови и несигурности. Освен тоа, може и да ја исцрпи вашата толеранција и на тој начин да предизвика да го изгубите трпението и фокусот.

Меѓу другото, Марс може да ве спречи да ја кажете вашата вистина. Затоа, од големо значење е во овој период да се поврзете со себеси и да откриете што е тоа што ве саботира и како да ги заборавите раните од минатото. Доколку почувствувате дека станувате раздразливи, запрашајте се на што се должи тоа и внимавајте да не ги споделите своите заклучоци со погрешни луѓе.

Во поглед на продуктивноста, пак, енергијата на Марс може да ви ја даде потребната самодоверба и издржливост за да ги надминете сите стравови и сите пречки. Ова ќе биде идеалниот момент да се ослободите од вашата несигурност и да ги земете нештата во свои раце!

Откако прочитавте каква енергија ќе ни донесе младата Месечина на 27 август, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најважните денови во август од астролошки аспект.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар