Што ќе му донесе зимската краткоденица на секој хороскопски знак?

Што ќе му донесе зимската краткоденица на секој хороскопски знак?

Како што се приближува сезоната на Јарецот, на 21-ви декември ќе започне и прославувањето на зимската краткоденица. Ова е период во кој секој би требало напорно да работи, со цел да ги искористи енергетските придобивки од настанот.

Што ќе му донесе зимската краткоденица на секој хороскопски знак?

Во овој период многу луѓе го прифаќаат духовното и работат на негово подобро манифестирање. Оваа краткоденица го означува вистинскиот почеток на зимата, а со тоа и периодот кога денот е најкраток, а ноќта најдолга. Погледнете што можете да очекувате оваа краткоденица според вашиот хороскопски знак.

Овен

Ќе бидете навистина посреќни. Многу нешта што обично би ги игнорирале ќе бидат на прво место во вашите мисли. Универзумот ќе ви покаже каде треба да се фокусирате, па немојте да ги игнорирате знаците. Иако можеби не ги гледате нештата онакви какви што се, наскоро сè ќе почне да има смисла. Ако нешто ви го привлече вниманието, немојте да го избегнувате. Соочете се и продолжете понатаму. Сега е време да го слушнете вашиот внатрешен глас.

Бик

Како што ќе започне краткоденицата, ќе добиете многу можности. Ве очекува зголемување на егото, а токму ова можеби конечно ќе ве однесе онаму каде што треба да бидете и да ви ја зголеми самодовербата. Ве очекуваат многу успеси и дефинитивно ги заслужувате сите.

Близнаци

За време на краткоденицата, ќе се соочите со некои навистина сериозни проблеми. Иако нештата можат да бидат сосема во ред на крајот, не сакате да видите што ќе се случи. Едноставно дајте го најдоброто од себе и подгответе се за најлошото. Што и да се случи, ќе се случи.

Рак

За време на оваа краткоденица ќе бидете навистина нервозни. Потребно е да работите на вашата трпеливост. Не можете да продолжите да ги притискате другите како досега. Краткоденицата ќе направи да се чувствувате благодарно за стабилноста што ја имате, но и за онаа кон којашто трагате. Ќе ви се разјаснат некои настани, но можеби нема да знаете како да реагирате. Немојте да брзате и решавајте ги проблемите еден по еден.

Лав

Оваа краткоденица ќе ве присили да одвоите време за себе. Секогаш претерувате со работа и никогаш не се опуштате. Иако сакате да работите, потребно е да сфатите дека понекогаш самотијата и одморот ви се навистина потребни. Престанете да ги игнорирате знаците од вашите тело и ум.

Девица

Краткоденицата ќе направи да се чувствувате навистина безбедно. Ќе ви биде удобно со вас и вашето опкружување, а искрено не сте навикнати на ова. Веројатно би требало да си дадете простор за созревање. Можеби сè уште не го гледате тоа, но вие сте способни за неверојатни нешта.

Вага

Краткоденицата навистина ќе ве фрустрира. Ќе се соочувате со нешто што другите не можат ни да си го замислат. Лошите вести што ве очекуваат ќе бидат повеќе од доволно за да ви се скрши духот, па останете што е можно посилни.

Скорпија

Оваа краткоденица ќе ве научи како да се вратите на нозе и да се соочите со нештата пред вас со насмевка. Сте се соочиле со тешкотии изминатава година, а во последно време сте биле во навистина лошо расположение, но сега нештата ќе тргнат на подобро. Само затоа што вашите чувства се негативни, не значи дека ќе се чувствувате така засекогаш. Ве очекуваат добри промени.

Стрелец

Краткоденицата ќе ве расположи да создадете нешто неверојатно. Во овој период ќе ја покажете вашата инспирирана страна и навистина ќе ги завршите работите. Колку повеќе ќе вложите во овој проект, толку подобар ќе излезе. Вложете сè во ова и можеби ќе излезе подобро отколку што сте очекувале.

Јарец

Оваа краткоденица ќе ви докаже дека не мора да бидете жртва. Можете да бидете сами и неверојатни. Вашите намери и вредности ќе бидат нагласени додека се присутни овие енергии. Ако ви е потребна пауза, направете ја, но не заборавајте дека е важно да ги искористите овие енергии. Можат да ви донесат голема промена ако доволно се обидувате.

Водолија

Можеби ќе имате нагон да се изолирате, но ова не мора да биде сосема лошо. Секогаш давате премногу и одбивате да се погрижите за вашите потреби. Сега е време да го промените тоа и да бидете добри кон себе. Ова ќе биде збунувачки, но на крајот ќе се чувствувате неверојатно.

Риби

Краткоденицата ќе ве однесе на ново место во вашиот ум кое не сте го посетиле досега. Ова место ќе ве инспирира, но и ќе ве натера да се соочите со некои тешки вистини за вашето минато. Не се притискајте премногу. Ако ова е нешто со коешто не сте подготвени да се соочите, нема потреба да се соочувате уште сега.

Проверете и кои хороскопски знаци кои ќе имаат најдобар почеток на новата 2019 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар