Што ќе донесе розовата супермесечина на 27 април?
Супермесечина е поим што ја означува полната месечина што е најблиску до земјата, а освен што е близу до нас, таа е посебна поради уште една работа – се нарекува розова месечина затоа што нè осветлува напролет, во најцветниот и најромантичниот период од годината.
Оваа Месечина ќе биде исклучително изразена на небото, така што ќе можете максимално да уживате во нејзината убавина. Нејзините кратери ќе бидат видливи дури и без двоглед и телескоп.
Астролозите истакнуваат дека енергијата на денот на полната месечина, како и неколку дена пред и по 27 април, ќе биде особено интензивна. Нè очекуваат многу динамични и интензивни емоции, а она што е скриено сега излегува на површина – од мисли до емотивни желби. Бидејќи овој пат розовата полна месечина е во знакот на Вага, ќе има многу можности вашата душа конечно да најде некоја утеха.
Розовата супермесечина бара малку да се истакнете, да бидете сами, да се одморите и да си посветите време на себе. Ова е период од годината кога ви треба енергетско чистење од лоши енергии и вибрации и полнење со некои позитивни чувства. Време е да ги осветлите вашите визии и намери за иднината, но и да воспоставите внатрешен мир.
Оваа месечина ќе ве охрабри да ги проширите вашите хоризонти и вашата перспектива.
Прочитајте што ни носи април и кои се најголемите астролошки транзити.