Што да очекувате во ноември според вашиот хороскопски знак?
Дојде и претпоследниот месец од оваа година и веќе сите ќе почнат да ги чувствуваат резултатите од напорното работење. Некои знаци ги очекува вистински пресврт, а некои конечно ќе добијат признание за вложениот труд. На кратко, ноември е месец за самоподобрување и созревање, па дознајте што да очекувате според вашиот хороскопски знак.
Овен
Ова е период од годината кога секој дел од вашиот живот е засилен. Ќе бидете во допир со вашето внатрешно јас психолошки, филозофски, интелектуално, финансиски и сексуално. Ќе сакате да оставите траен впечаток кај некоја личност. Ќе сакате да го задржите нејзиното внимание и да направите навистина да ве забележи. Оваа личност може да ја посакувате како романтичен партнер, а може да биде и некој колега. Немојте да правите нешто непромислено само за да привлечете внимание. Вистинските луѓе ќе ве забележат дури и кога сте тивки.
Бик
Ноември ќе биде интимен месец за вас. Ќе се чувствувате навистина блиско со вашите сакани, а ќе запознаете и нови луѓе. Ќе запознаете и личност која ќе игра голема улога во вашиот живот. Држете ги очите и умот отворени и немојте брзо да осудувате. Не се откажувајте од некого само затоа што е поразличен од вас. Можеби сте ја барале токму таа личност.
Близнаци
Во последно време сте бомбардирани со лоши вести. Голема е веројатноста да сте помислиле и на откажување. Но, овој месец ќе го видите светлото на крајот од тунелот и тоа ќе ви даде надеж. Помалку ќе се грижите, повеќе ќе се смеете и конечно ќе сфатите дека светот не е свртен против вас. Добрите вести се движат кон вас и подгответе се, бидејќи се големи. Кон средината на месецот ќе почнете да го менувате вашиот фокус и ќе се концентрирате на подобрување на вашиот живот. Ќе сакате да се грижите за вашите тело, ум и дух. Потребно ви е вистинско освежување.
Рак
Без сомнение, вие сте навистина чувствителни и вашето срце им припаѓа на сите. Овој месец ќе чувствувате како ништо да не оди во ваша корист. Веројатно ќе ги обвинувате другите наместо да преземете одговорност за постапките што ве донеле до оваа ситуација. Време е да почнете да ја контролирате вашата судбина. Немојте да се сожалувате, немојте да се обвинувате. Почнете да се однесувате одговорно кон вашите чувства и вашето емоционално здравје. Вие можете да го промените вашиот живот на подобро, па зошто воопшто чекате?
Лав
Иако сакате да се забавувате и да излегувате, овој месец ќе биде малку поразличен. Вашата енергија ќе биде насочена кон други нешта. Овој период ќе бидете мирни и ќе се чувствувате удобно со себе и со оние околу вас. Нема да имате потреба да бидете главни на забавата или лидерот на групата. Ви одговара да се повлечете и да им дозволите на нештата сами да се случуваат. Овој месец е одличен период за завршување на домашни проекти што некое време ги одложувате. На вашата креативна енергија ќе ѝ нема крај.
Девица
Ноември ќе ви биде секаков освен здодевен. Всушност, целата година ви била ваква. Сте поминале низ пекол изминативе неколку месеци и сега се прашувате што е следно. Ќе бидете мотивирани да направите големи промени во животот што долго време сте ги избегнувале. Конечно ја преземате контролата и воспоставувате ред. Сакате да се чувствувате стабилно, што понекогаш ви е тешко да го постигнете. Но ве очекуваат навистина добри нешта, па бидете подготвени да ги прифатите со радост.
Вага
Ќе го искористите ноември за многу важни чекори. Ова е неверојатен период – нови пријателства, нови социјални кругови, нови врски… Вашата ментална и сексуална енергија е на навистина високо ниво. Полни сте со позитивност и се чувствувате феноменално. Голема е веројатноста да се појави желба малку да патувате. Сепак, работевте напорно и навистина го заслужувате тоа. Закажете лет во последен момент и истражете го светот. Воопшто нема да зажалите.
Скорпија
Овој месец главниот збор за вас е страст. Нештата ќе се разгоруваат, особено кон средината на месецот. Навистина се чувствувате „огнено“, а вашите сакани ќе го забележат тоа. Ако веќе сте во врска, вашиот партнер ќе ја забележи оваа енергија и навистина ќе биде привлечен од неа. Очекувајте висински огномети во веќе убавата врска, а нештата ќе станат уште посериозни. Во ноември ќе се соочите со некои ситуации од минатото коишто не сте ги преболиле целосно. Ќе сакате да се ослободите од овие демони за да не ве демнат во иднина. Минатото е минато, па време е да го оставите таму.
Стрелец
Кај вас нагласени ќе бидат јасноста и насоката во текот на целиот месец. Има многу неодговорени прашања кои се вртат низ вашиот ум, па време е да добиете некои одговори. Овој месец расчистете со сè. Поставувајте прашања и слушајте внимателно. Одговорите ќе ги најдете само кога навистина ќе ги слушнете.
Јарец
Додека обично ја знаете насоката кон која се движите, овој месец видот ќе ви биде малку замаглен. Чувствувате голема желба да се ослободите од некоја нездрава врска и да се погрижите за вашиот дом. Време е добро да размислите за вашите лични и професионални врски и да сфатите кои од нив ви создаваат товар. Сега е одлично време да си поставите граници за нештата со кои не сте задоволни или не се чувствувате удобно. Живејте го животот по ваши правила. Подоцна ќе си бидете благодарни на себе.
Водолија
Вашите таленти ќе бидат на пиедестал. Целата напорна работа конечно ќе се исплати и вашите луѓе ќе почнат навистина да го забележуваат вашиот труд. Сте работеле долго и напорно на проект за кој не сте добивале доволно внимание, но ова конечно ќе се промени. Подгответе се за честитки, но и за критики. Можно е некој да ја критикува вашата работа на негативен начин, но не дозволувајте туѓото мислење да ви ја уништи вашата визија за себе. Не мора да значи дека нивното мислење е точно.
Риби
За вас ноември ќе биде месец на себеоткривање и подобрување. Се движите кон ново поглавје од вашиот живот, а нештата се менуваат навистина брзо. Можеби ќе ги одбивате овие промени, но не можете засекогаш да бегате од нив. Едноставно, прифатете ја промената со широко отворени раце. Ценете ја и научете од неа. Овие промени ќе ви бидат од голема корист во иднина. Бидејќи ова ви е период за созревање, ќе сакате да се поврзете во вашето внатрешно јас и да допрете до јадрото на вашата вистинска личност. Јогата и медитацијата можат да ви помогнат овој период.
Дознајте и што ве очекува во љубовта до крајот на 2018-та година.